Месечева (лунарна) диета 2019
Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Месечева (лунарна) диета 2019

Месечева (лунарна) диета 2019

Постојат различни теории за влијанието на Месечината врз човекот. Неретко се прават истражувања кои потврдуваат дека Месечината влијае на нашето однесување или на ритамот на спиење. Но, постои и теорија дека положбата на Месечината може да влијае и на телесната тежина.

Месечева диетаМесечевата диета се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза.

Што претставува месечевата диета?

Месечевата диета е многу популарна диета затоа што дава добри резултати, а повеќето луѓе кои ја практикувале тврдат дека изгубените килограми не се враќаат. Оваа диета е всушност диета за детоксикација на организмот.

Таа се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. Месечината преминува низ 4 фази: млада месечина (кога не може да се види на небото), прва четвртина (околу 6 дена по младата месечина), полна месечина (кога на небото се гледа како полн круг) и последна четвртина.

Најчесто се практикува придржување кон диетата 2 пати месечно – кога Месечината е полна и кога Месечината е млада. Но, вие можете да си изберете да ја држите само еднаш месечно. Ако се одлучите за еден ден месечно, препорачливо е тоа да биде на млада Месечина.

Некои луѓе ја практикуваат оваа диета и за време на четирите фази на Месечината, т.е. четири пати месечно по 24 часа, со цел да не си ги вратат изгубените килограми.

Месечевата диета му помага на организмот да се ослободи од натрупаните токсини и полесно да се бори против болести. Ако немате посериозни здравствени проблеми, тогаш оваа диета не може да ви наштети. Сепак, се препорачува консултација со лекар.

Детали за диетата

Месечевата диета е течна диета. Треба да ја започнете кога Месечината навлегува во определена фаза (раководете се според табелата дадена подолу) и да ја завршите 24 часа подоцна.

За време на диетата се препорачува да испиете 2-4 литри течност, а најдобро е тоа да биде вода. Дозволена е и консумацијата на чаеви без шеќер. Кога ќе почувствувате глад, направете си домашен сок од овошје или зеленчук, без дополнително да го зачинувате. Купените сокови често содржат скриени шеќери, па избегнувајте ги. Не треба да се консумира млеко, а исто така забранет е и алкохолот.

Оваа диета го прочистува организмот од токсините и од задржаните течности. За време на 24-часовниот пост може да изгубите од 1 до 3 килограми.

Ако ја држите диетата еднаш месечно, внимавајте што јадете во останатиот дел од месецот. Кога Месечината расте, консумирајте помалку храна, а кога Месечината се намалува (опаѓа), можете да си дозволите повеќе задоволство од храната.

Месечеви фази во 2019 година (за Македонија)

Јануари

6 јануари, 02:28 – млада месечина

14 јануари, 07:45 – прва четвртина

21 јануари, 06:16 – полна месечина

27 јануари, 22:10 – последна четвртина

Февруари

4 февруари, 22:03 – млада месечина

12 февруари, 23:26 – прва четвртина

19 февруари, 16:53 – полна месечина

26 февруари, 12:27 – последна четвртина

Март

6 март, 17:03 – млада месечина

14 март, 11:27 – прва четвртина

21 март, 02:42 – полна месечина

28 март, 05:09 – последна четвртина

Април

5 април, 10:50 – млада месечина

12 април, 21:05 – прва четвртина

19 април, 13:12 – полна месечина

27 април, 00:18 – последна четвртина

Мај

5 мај, 00:45 – млада месечина

12 мај, 03:12 – прва четвртина

18 мај, 23:11 – полна месечина

26 мај, 18:33 – последна четвртина

Јуни

3 јуни, 12:01 – млада месечина

10 јуни, 07:59 – прва четвртина

17 јуни, 10:30 – полна месечина

25 јуни, 11:46 – последна четвртина

Јули

2 јули, 21:16 – млада месечина

9 јули, 12:54 – прва четвртина

16 јули, 23:38 – полна месечина

25 јули, 03:18 – последна четвртина

Август

1 август, 05:11 – млада месечина

7 август, 19:30 – прва четвртина

15 август, 14:29 – полна месечина

23 август, 16:56 – последна четвртина

30 август, 12:37 – млада месечина

Септември

6 септември, 05:10 – прва четвртина

14 септември, 06:32 – полна месечина

22 септември, 04:40 – последна четвртина

28 септември, 20:26 – млада месечина

Октомври

5 октомври, 18:47 – прва четвртина

13 октомври, 23:07 – полна месечина

21 октомври, 14:39 – последна четвртина

28 октомври, 04:38 – млада месечина

Ноември

4 ноември, 11:23 – прва четвртина

12 ноември, 14:34 – полна месечина

19 ноември, 22:10 – последна четвртина

26 ноември, 16:05 – млада месечина

Декември

4 декември, 07:58 – прва четвртина

12 декември, 06:12 – полна месечина

19 декември, 05:57 – последна четвртина

26 декември, 06:13 – млада месечина

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 9285 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.