Месечева (лунарна) диета 2018
Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Месечева (лунарна) диета 2018

Месечева (лунарна) диета 2018

Постојат различни теории за влијанието на Месечината врз човекот. Неретко се прават истражувања кои потврдуваат дека Месечината влијае на нашето однесување или на ритамот на спиење. Но, постои и теорија дека положбата на Месечината може да влијае и на телесната тежина.

Месечева диетаМесечевата диета се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза.

Што претставува месечевата диета?

Месечевата диета е многу популарна диета затоа што дава добри резултати, а повеќето луѓе кои ја практикувале тврдат дека изгубените килограми не се враќаат. Оваа диета е всушност диета за детоксикација на организмот.

Таа се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. Месечината преминува низ 4 фази: млада месечина (кога не може да се види на небото), прва четвртина (околу 6 дена по младата месечина), полна месечина (кога на небото се гледа како полн круг) и последна четвртина.

Најчесто се практикува придржување кон диетата 2 пати месечно – кога Месечината е полна и кога Месечината е млада. Но, вие можете да си изберете да ја држите само еднаш месечно. Ако се одлучите за еден ден месечно, препорачливо е тоа да биде на млада Месечина.

Некои луѓе ја практикуваат оваа диета и за време на четирите фази на Месечината, т.е. четири пати месечно по 24 часа, со цел да не си ги вратат изгубените килограми.

Месечевата диета му помага на организмот да се ослободи од натрупаните токсини и полесно да се бори против болести. Ако немате посериозни здравствени проблеми, тогаш оваа диета не може да ви наштети. Сепак, се препорачува консултација со лекар.

Детали за диетата

Месечевата диета е течна диета. Треба да ја започнете кога Месечината навлегува во определена фаза (раководете се според табелата дадена подолу) и да ја завршите 24 часа подоцна.

За време на диетата се препорачува да испиете 2-4 литри течност, а најдобро е тоа да биде вода. Дозволена е и консумацијата на чаеви без шеќер. Кога ќе почувствувате глад, направете си домашен сок од овошје или зеленчук, без дополнително да го зачинувате. Купените сокови често содржат скриени шеќери, па избегнувајте ги. Не треба да се консумира млеко, а исто така забранет е и алкохолот.

Оваа диета го прочистува организмот од токсините и од задржаните течности. За време на 24-часовниот пост може да изгубите од 1 до 3 килограми.

Ако ја држите диетата еднаш месечно, внимавајте што јадете во останатиот дел од месецот. Кога Месечината расте, консумирајте помалку храна, а кога Месечината се намалува (опаѓа), можете да си дозволите повеќе задоволство од храната.

Месечеви фази во 2018 година (за Македонија)

Јануари

2 јануари, 03:24 – полна месечина

8 јануари, 23:25 – последна четвртина

17 јануари, 03:17 – млада месечина

24 јануари, 23:20 – прва четвртина

31 јануари, 14:26 – полна месечина

Февруари

7 февруари, 16:53 – последна четвртина

15 февруари, 22:05 – млада месечина

23 февруари, 09:09 – прва четвртина

Март

2 март, 01:51 – полна месечина

9 март, 12:19 – последна четвртина

17 март, 14:11 – млада месечина

24 март, 16:35 – прва четвртина

31 март, 14:36 – полна месечина

Април

8 април, 09:17 – последна четвртина

16 април, 03:57 – млада месечина

22 април, 23:45 – прва четвртина

30 април, 02:58 – полна месечина

Мај

8 мај, 04:08 – последна четвртина

15 мај, 13:47 – млада месечина

22 мај, 05:49 – прва четвртина

29 мај, 16:19 – полна месечина

Јуни

6 јуни, 20:31 – последна четвртина

13 јуни, 21:43 – млада месечина

20 јуни, 12:50 – прва четвртина

28 јуни, 06:53 – полна месечина

Јули

6 јули, 09:50 – последна четвртина

13 јули, 04:47 – млада месечина

19 јули, 21:52 – прва четвртина

27 јули, 22:20 – полна месечина

Август

4 август, 20:17 – последна четвртина

11 август, 11:57 – млада месечина

18 август, 09:48 – прва четвртина

26 август, 13:56 – полна месечина

Септември

3 септември, 04:37 – последна четвртина

9 септември, 20:01 – млада месечина

17 септември, 01:14 – прва четвртина

25 септември, 04:52 – полна месечина

Октомври

2 октомври, 11:45 – последна четвртина

9 октомври, 05:46 – млада месечина

16 октомври, 20:01 – прва четвртина

24 октомври, 18:45 – полна месечина

31 октомври, 17:40 – последна четвртина

Ноември

7 ноември, 17:01 – млада месечина

15 ноември, 15:54 – прва четвртина

23 ноември, 06:39 – полна месечина

30 ноември, 01:18 – последна четвртина

Декември

7 декември, 08:20 – млада месечина

15 декември, 12:49 – прва четвртина

22 декември, 18:48 – полна месечина

29 декември, 10:34 – последна четвртина

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2019 година?
  • 5%
  • 54%
  • 5%
  • 14%
  • 1%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 325 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.