Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Месечева (лунарна) диета

Месечева (лунарна) диета

Постојат различни теории за влијанието на Месечина врз човекот. Неретко се прават истражувања кои потврдуваат дека Месечината влијае на нашето однесување или на ритамот на спиење. Но, постои и теорија дека положбата на Месечината влијае и на телесната тежина.

Месечева диетаМесечевата диета се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза.

Што претставува месечевата диета?

Месечевата диета е многу популарна диета затоа што дава добри резултати, а повеќето луѓе кои ја практикувале тврдат дека изгубените килограми не се враќаат. Оваа диета е всушност диета за детоксикација на организмот.

Таа се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. Месечината преминува низ 4 фази: млада Месечина (кога не може да се види на небото), прва четвртина (околу 6 дена по младата Месечина), полна Месечина (кога на небото се гледа како полн круг) и последна четвртина.

Најчесто се практикува придржување кон диетата 2 пати месечно – кога Месечината е полна и кога Месечината е млада. Но, вие можете да си изберете да ја држите само еден ден. Ако се одлучите за еден ден месечно, препорачливо е тоа да биде на млада Месечина.

Некои луѓе ја практикуваат оваа диета и за време на четирите фази на Месечината, т.е. четири пати месечно по 24 часа, со цел да не си ги вратат изгубените килограми.

Месечевата диета му помага на организмот да се ослободи од натрупаните токсини и полесно да се бори против болести. Ако немате посериозни здравствени проблеми, тогаш оваа диета не може да ви наштети. Сепак, се препорачува консултација со лекар.

Детали за диетата

Месечевата диета е течна диета. Треба да ја започнете кога Месечината навлегува во определена фаза и да ја завршите 24 часа подоцна.

За време на диетата се препорачува да пиете 2-4 литри течност, најдобро е тоа да биде вода. Дозволена е и консумацијата на чаеви без шеќер. Кога ќе почувствувате глад, направете си домашен сок од овошје или зеленчук, без дополнително да го зачинувате. Купените сокови често содржат скриени шеќери, па избегнувајте ги. Не треба да се консумира млеко, а исто така забранет е и алкохолот.

Оваа диета го прочистува организмот од токсините и од задржаните течности. За време на 24-часовниот пост вие може да изгубите од 1 до 3 килограми.

Ако ја држите диетата еднаш месечно, внимавајте што јадете во останатиот дел од месецот. Кога Месечината расте, консумирајте помалку храна, а кога Месечината се намалува (опаѓа), можете да си дозволите повеќе задоволство од храната.

Месечеви фази во 2011 година (за Македонија)

Јануари

04.01.2011, 10:03 – млада месечина

12.01.2011, 12:32 – прва четвртина

19.01.2011, 22:21 – полна месечина

26.01.2011, 13:57 – последна четвртина

Февруари

03.02.2011, 03:31 – млада месечина

11.02.2011, 08:18 – прва четвртина

18.02.2011, 09:36 – полна месечина

25.02.2011, 00:27 – последна четвртина

Март

04.03.2011, 21:46 – млада месечина

13.03.2011, 00:45 – прва четвртина

19.03.2011, 19:10 – полна месечина

26.03.2011, 13:08 – последна четвртина

Април

03.04.2011, 16:32 – млада месечина

11.04.2011, 14:06 – прва четвртина

18.04.2011, 04:44 – полна месечина

25.04.2011, 04:47 – последна четвртина

Мај

03.05.2011, 08:51 – млада месечина

10.05.2011, 22:33 – прва четвртина

17.05.2011, 13:09 – полна месечина

24.05.2011, 20:52 – последна четвртина

Јуни

01.06.2011, 23:03 – млада месечина

09.06.2011, 04:11 – прва четвртина

15.06.2011, 22:14 – полна месечина

23.06.2011, 13:48 – последна четвртина

Јули

01.07.2011, 10:54 – млада месечина

08.07.2011, 08:29 – прва четвртина

15.07.2011, 08:40 – полна месечина

23.07.2011, 07:02 – последна четвртина

30.07.2011, 20:40 – млада месечина

Август

06.08.2011, 13:08 – прва четвртина

13.08.2011, 20:58 – полна месечина

21.08.2011, 23:55 – последна четвртина

29.08.2011, 05:04 – млада месечина

Септември

04.09.2011, 19:39 – прва четвртина

12.09.2011, 11:27 – полна месечина

20.09.2011, 15:39 – последна четвртина

27.09.2011, 13:09 – млада месечина

Октомври

04.10.2011, 05:15 – прва четвртина

12.10.2011, 04:06 – полна месечина

20.10.2011, 05:30 – последна четвртина

26.10.2011, 21:56 – млада месечина

Ноември

02.11.2011, 17:38 – прва четвртина

10.11.2011, 21:16 – полна месечина

18.11.2011, 16:09 – последна четвртина

25.11.2011, 07:10 – млада месечина

Декември

02.12.2011, 10:52 – прва четвртина

10.12.2011, 15:36 – полна месечина

18.12.2011, 01:48 – последна четвртина

24.12.2011, 19:06 – млада месечина

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18184 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.