Диета со 1 200 калории
Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Диета со 1 200 калории

Диета со 1 200 калории

Диетата базирана на внесување на 1 200 калории дневно е добар начин да се ослободите од вишокот килограми, затоа што тоа е препорачаниот минимум за жени кои сакаат да слабеат на здрав и безбеден начин.

Дневник за диета
Контролирајте го консумирањето на калории со помош на дневник.

Што вклучува диетата?

Концептот на оваа диета е да се контролира внесувањето на калории во текот на денот. Ако внесувате помалку калории отколку што ќе потрошите во текот на денот, резултатот е намалување на телесната тежина.

Нема некои точно определени храни кои треба да ги внесувате, едноставно треба да знаете колку калории има секоја храна и дневно да внесувате 1 200 калории. Најдобро е да се насочите кон свежо овошје, зеленчук, зрнеста храна и мешунки. Колку што е возможно повеќе јадете свежа храна, која не е готвена. Така храната ќе содржи помалку калории и повеќе хранливи материи.

Предности и недостатоци

Како и другите диети и оваа диета има како предности, така и недостатоци.

Предности:

  • Можете да јадете храна по ваш избор, а не точно определени храни како кај другите диети.
  • Диетите со кои се внесуваат помалку калории, отколку што се трошат, се докажан начин за слабеење.
  • Оваа диета може да биде приспособена за дијабетичари или вегетаријанци.
  • Ако правилно ја избирате храната, воопшто нема да чувствувате глад.

Недостатоци:

  • Постојано треба да ја мерите храната која ја јадете и да ги броите калориите.
  • Не е соодветна за премногу активни личности.
  • Оваа диета е ниско калорична и поради тоа некои луѓе може да чувствуваат глад и замор ако се придржуваат кон неа.

Примерен план

Појадок: 1 чаша корнфлекси, 1 чаша немасно млеко, 1 банана.

Ужина: круша.

Ручек: сендвич со туна, диетален мајонез и интегрален леб, 2 чаши свеж зеленчук (моркови, целер) и 1 мало јаболко.

Ужина: природен сок, газирана вода со лимон.

Вечера: 100g пилешки стек на скара, ¾ од чашата зелени зеленчуци приготвени на пареа, една чаша зелена салатка, ½ чаша моркови, ½ чаша домати, 2 чајни лажици маслиново масло и оцет, 1 праска.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3767 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.