Диета за крвна група АБ
Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Диета за крвна група АБ

Диета за крвна група АБ

Крвната група АБ е исклучително ретка, само 4-5% од луѓето се претставници на оваа група. Во исто време таа е и најновата крвна група. Поголем дел од храната којашто е лоша за крвните групи А и Б е лоша и за крвната група АБ, но постојат и исклучоци.

Доматите, кои воопшто не се препорачуваат за крвната група Б, може да се користат во исхраната на групата АБ. Луѓето со крвна група АБ треба да избегнуваат алкохол и кафе, особено во стресни ситуации.

Според Д’Адамо, ако претставниците на оваа група сакаат да слабеат, тогаш треба почесто да консумираат тофу, морска храна, зелени зеленчуци и млечни производи, а да избегнуваат чадени меса.

Луѓето со крвна група АБ се емотивни, пријателски расположени и особено страсни кога станува збор за нивните верувања.

Диета

ПРЕПОРАЧАНИ НЕУТРАЛНИ ДА СЕ ИЗБЕГНУВА

Месо

мисиркино јагнешко
козјо
зајачко
пилешко
гускино
паткино
говедско
сланина
биволско
еленско

Риба

туна
сардина
лосос
скуша
бакалар
лигњи
сабјарка
ајкула
ракчиња
октопод
баракуда
морска пастрмка
остриги
јастог
жабји копани

Млеко и млечни производи

јогурт
сирење рикота
моцарела
козјо млеко и сирење
фета
урда
обезмастено кравјо млеко
гауда сирење
ементалер
крем сирење
чедар сирење
пармезан
полномасно кравјо млеко
путер
сирење бри
сино сирење
кашкавал

Јајца

кокошка (белка) потполошка
гуска
кокошка (жолчка)
патка

Зеленчук

лук
црн патлиџан
краставица
целер
карфиол
брокули
цвекло
домати
спанаќ
тиква
компири
кромид
зелени маслинки
марула
ѓумбир
морков
зелка
аспарагус
тиквички
пиперки
црни маслинки
печурки шитаки
алое

Овошје и овошни сокови

лубеница
сливи
ананас
лимон
киви
грејпфрут
грозје
сушени и свежи смокви
цреши и сок од цреши
јаболка
боровинки
мандарини
јагоди
сушени црни сливи
сок од ананас
круши
праски
папаја
нектарини
сок од грејпфрут
портокали
банана
авокадо
кајсии
манго
кокос и кокосово млеко

Зрнеста храна

р’ж
брашно и леб од р’ж
ориз
овес
овесно брашно
пченица
пченични никулци
јачмен
пуканки
пченка
пченкарно брашно
елда

Јаткасти плодови и семки

ореви
кикирики
сончоглед
бадеми
ф’стаци
ленено семе
сусам
семки од тиква
лешник

Мешунки

зелена леќа
боранија
соја
тофу
гранули од соја
црвена леќа
бел грав
црвен грав
леблебија

Масла

ореово
маслиново
масло од соја
масло од кикирики
ленено
бадемово
сончогледово
масло од сусам
пченкарно
кокосово
масло од авокадо

Пијалоци

зелен чај бело и црвено вино
пиво
кафе
жесток алкохол
газирана вода
чај

Билки и зачини

магдонос
оригано
кари
ванила
рузмарин
нане
пипер
индиско оревче
каранфил
канела
какао/чоколадо
чили во прав
босилек
бел и црн бибер

Додатоци за вкус

/ пивски и пекарски квасец
сос од соја
морска сол
сода бикарбона
мајонез
јаболков пектин
вински и јаболков оцет
желатин
кечап

Засладувачи

/ шеќер
мед
инвертен шеќер
фруктоза
декстроза

Физичка активност

Вежбањето има огромно значење за намалување на стресот и за одржување на емотивен баланс кај луѓето со крвна група АБ. За оптимални резултати, треба да се комбинираат вежби кои смируваат со поинтензивни вежби. Пример: три дена во седмицата аеробик и два дена јога. Практикувајте 45-60 минути аеробик барем два пати неделно.

Препорачани активности: аеробик вежби, возење велосипед, трчање, јога, Таи Чи.

Дополнителни совети

Освен диетата и препораките за физичка активност, Д’Адамо дава и дополнителни совети кои би можеле да им го подобрат животот на луѓето со крвна група АБ. Еве некои од нив:

  • Консумирајте повеќе мали оброци во текот на денот, а не неколку големи.
  • Избегнувајте настани и ситуации кои имаат натпреварувачки карактер.
  • Сите промени правете ги постепено. Воведувајте ги една по една, а не наеднаш.
  • Поминувајте повеќе време сами. Имајте барем едно хоби кое ќе можете да го практикувате независно од другите.
  • Прво визуализирајте го тоа што сакате да го постигнете, а потоа преземете конкретни дејствија.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3769 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.