Диетата со сурова храна
Почетна » Диети и фитнес » Популарни диети » Диетата со сурова храна

Диетата со сурова храна

Што претставува диетата со сурова храна?

Диетата со сурова храна се базира на консумирањето на непреработена и неготвена храна како: свежи зеленчуци и овошје, семиња, зрнести храни, плодови со јатка, сушени плодови и алги.

Свежа хранаДиетата со сурова храна се базира на консумирањето на непреработена и неготвена храна.

Некои од приврзаниците на диетата со сурова храна се и вегани, т.е. воопшто не внесуваат храна од животинско потекло, но има и такви кои консумираат сурово месо и други продукти од животинско потекло. Најчесто, најмалку 75% од храната која се внесува треба да биде сурова.

Скоро сите диети треба да се држат одреден период за да бидат ефективни. Тоа не е така со оваа диета. Нема препорачан период, затоа што диетата со сурова храна треба да се смета како начин на живот и да се практикува постојано.

Зошто диета со сурова храна?

Приврзаниците на оваа диета се стремат да јадат сурова храна, затоа што сметаат дека кога храната е готвена на температура повисока од 46°C таа ги губи ензимите, кои ѝ помагаат подобро да се вари и апсорбира од организмот.

Храната со готвењето ги губи и повеќето хранливи материи и витамините. Затоа се смета дека суровата храна е поздрава.

Предности и недостатоци

И диетата со сурова храна, како и другите диети има свои позитивни и негативни страни.

Предности:

  • Многу подобар изглед на кожата;
  • Повеќе енергија;
  • Губење на телесна тежина;
  • Одржување на телесна тежина;
  • Намалување на нивото на лош холестерол, т.е. значително се намалува ризикот од срцеви и други кардиоваскуларни болести.

Недостатоци:

  • Потребна е добра организација;
  • Потребно е да бидете многу мотивирани;
  • Тешка е за држење, особено кога јадете во ресторан;
  • Потребна е подготовка;
  • Проблеми со варењето на храната.

Рецепти

Еве неколку рецепти кои ќе ви помогнат да вкусите како е да сте приврзаник на диетата со сурова храна.

Сурово чили

Состојки:

  • 2 чаши вода
  • 4 чаши домати
  • 1 супена лажица зачин чили
  • ½ супена лажица кумин
  • морска сол по вкус
  • 2 чаши исечкани зелени и црвени пиперчиња
  • ½ чаша исечкан кромид
  • ½ чаша исечкан целер

Подготовка: Ставете ги доматите и зачините во блендер додека не се добие пире. Потоа додајте ги останатите состојки и мешајте додека не се соединат. Сервирајте го на собна температура или ладно.

Салата со манго и авокадо

Состојки:

  • 2 манго плодови, излупени и исечкани
  • 1 големо авокадо, излупено и исечкано
  • 1 супена лажица сок од зелен лимон
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 1 супена лажица семе од сусам

Подготовка: Во длабок сад смешајте ги сите состојки. Сервирајте веднаш по приготвувањето.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3773 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.