Диетата и фитнесот на Хајди Клум
Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Хајди Клум

Диетата и фитнесот на Хајди Клум

Хајди Клум е неверојатна жена која успеа да најде баланс помеѓу кариерата и личниот живот и да биде истовремено добра мајка и сопруга, супер модел, дизајнерка, актерка, телевизиска водителка на шоуто Project Runway, па дури и пејачка. Таа е во брак со ѕвездата Сил и се еден од најсреќните славни парови.

Хајди Клум

Кога ќе си помислите на слабеење веднаш по бременост, сигурно Хајди Клум е првото нешто што ви доаѓа на ум. Таа за рекордно време успева да си го врати убавото тело по секоја бременост. Пред половина година бевме сведоци на нејзиното големо враќање на модната писта на ревијата на Victoria’s Secret, каде што се појави во улога на водителка само 5 недели по раѓањето на нејзиното 4-то дете.

За повеќето мајки, првите неколку дена откако ќе се вратат од болница по породување се период кога одмараат покрај нивните бебенца. Но, за Хајди Клум тоа е време кога е најактивна за да си го врати телото во форма.

Диетата на Хајди Клум

Хајди Клум се придржува кон многу строга диета кога сака да постигне идеална тежина. Диетата е разработена од фитнес гуруто Дејвид Кирш и е наречена Њујоршка диета. Благодарение токму на оваа диета Хајди Клум успеа два пати да ја воодушеви публиката со својата појава на шоуто на Victoria’s Secret во 2005г. и 2009г., брзо по породување.

Њујоршка диета

Њујоршката диета е режим на исхрана за минимална консумација на калории. Во рамките на оваа диета се внесуваат малку јаглехидрати и многу протеини.

1 фаза: За време на првата фаза, која трае две недели, треба да се збогувате со многу омилени храни богати со јаглехидрати. Треба да се избегнува храна која предизвикува подување.

Забранета храна: леб, тестенини, млечни производи, компири, ориз, овошје, слатка храна и храна богата со масти. Многу е важно да се прекине со консумација на алкохол.

Дозволена храна: риба, зеленчуци, немрсно месо, зелена салата и протеински шејк.

Треба да се јаде 5 пати дневно и тоа на секои 3 часа. Забранетa е консумацијата на храна по 7 часот вечерта. Тоа значи дека диетата треба да ви започне во 7 часот наутро.

Еден ден од диетата на Хајди Клум

07:00 – протеински шејк (180 калории)
10:00 – омлет од 4 белки од јајца со зеленчуци
13:00 – брокули зачинети со една чајна лажичка маслиново масло, пилешко без кожа и салата
16:00 – 10-12 сурови бадеми
19:00 – протеински шејк или мал оброк како чили со грав

2 Фаза: И втората фаза трае 2 недели и има за цел да ја стабилизира новата тежина. Но, губењето на тежина продолжува. Во исхраната се вклучува овошје, млечни производи, житарици и малку масти.

3 фаза: Третата фаза во идеален случај трае цел живот и служи за одржување на тежината. Треба да се внесуваат повеќе јаглехидрати и масти, но да се запази минималниот прием на калории.

Внимание: Њујоршката диета е строга диета и не е соодветна за секого.

Фитнесот на Хајди Клум

Хајди Клум е рекордерка во враќањето во форма по бременост. Освен диетата, исто и фитнес програмата на Клум е создадена од Дејвид Кирш.

Треба да ги зголемите кардио вежбите до 45 минути дневно и да правите различни вежби. Менувајте трчање на патека, возење велосипед и вежбање на стационарен елиптичен велосипед.

Дејвид Кирш

По раѓањето на нејзиниот син Хенри во септември 2005 година, на Хајди ѝ беа потребни само 2 месеца за да се врати во топ форма и да продефилира на ревијата на Victoria’s Secret. Тогаш таа тренираше 5 пати неделно по 90 минути.

Но, во изминатата година по раѓањето на нејзиното четврто дете, ќерката Лу, Хајди ја зголеми својата физичка активност. За да се појави повторно на ревијата на Victoria’s Secret во ноември, таа вежбаше 2 пати дневно, а нејзиниот омилен тренер се пресели кај неа дома.

Тренингот на Клум вклучува 45 минути кардио вежби плус вежби со тегови и отпор.

Искрено не го сакам вежбањето, но го правам затоа што знам дека е добро за мене, неопходно е поради мојата работа и ми дава енергија и позитивно чувство.

Хајди Клум

Хајди Клум тврди дека и покрај нејзиниот тренинг, кој вклучува и јога, пешачење и бокс, формата ја одржува и благодарение на динамичниот живот и „трчањето“ по нејзините 4 деца.

Галерија

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.