Диетата и фитнесот на Камерон Дијаз
Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Камерон Дијаз

Диетата и фитнесот на Камерон Дијаз

Камерон Дијаз е една од најпосакуваните жени во Холивуд. Нејзината широка насмевка, харизмата која ја има и прекрасното тело ја прават неодолива. Таа е една од поретките актерки кои не дозволуваат тежината да им варира. Како го постигнува тоа?

Камерон Дијаз
Камерон води многу активен живот и јаде сè што ќе посака, но во ограничени количини.

Диетата

Камерон Дијаз нема некој стриктен план за диета кон кој да се придржува. Таа јаде сè што ќе посака во умерени количини. Престанува да јаде свинско, кога разбира дека свињите имаат ментален капацитет колку и тригодишно дете. Но, тоа не трае многу долго.

Храната е едно од моите најголеми задоволства. Сакам да јадам. Сакам да ги хранам луѓето.

Камерон Дијаз

Едно од основните правила во нејзината исхрана е никогаш, ама никогаш да не го прескокнува појадокот. Таа консумира по 6 мали оброци во текот на денот, затоа што според неа нејзиното тело функционира подобро кога јаде почесто, но по малку.

Примерен план

Појадок: ориз со лук, брокули, јајца, лимон и пилешко или говедско месо.

Ужина: протеинов шејк со вода.

Ручек: салата и пилешко или говедско месо.

Ужина: овошје и една шака плодови со јатка.

Вечера: Омлет од белки од јајца со зачини, домати, кромид и печурки.

Ужина: Протеинов шејк со вода.

Фитнесот

Камерон Дијаз јавно признава дека пред снимањето на филмот Чарлиевите Ангели, никогаш не вежбала. За овој филм Камерон, заедно со нејзините колешки, вежбаат по 8 часа дневно, пет дена во неделата, во текот на 3 месеци. Тогаш, за прв пат во животот Камерон Дијаз почувствувала како е да си силна и сега таа не сака да го изгуби тоа чувство.

Камерон вежба дома, пет дена во неделата по еден час. Таа мрази да оди во фитнес сала, иако знае дека таму ќе постигнува подобри резултати.

Нејзиниот тренинг започнува со 30 минути возење на елиптичен велосипед. Во наредните 30 минути таа вежба со мали тегови, за зацврстување на телото и пилатес.

Камерон Дијаз својата фигура ја одржува и со нејзините омилени спортови - сурфање и скијање. Понекогаш излегува на сабајле и сурфа околу 4 часа.

Сакам да сум физички активна. Сакам да потам. Сакам да го подигам ритамот на срцето. Сакам да се предизвикувам себе си. Физички, можам да направам сè што ќе си помислам и го сакам тоа чувство.

Камерон Дијаз

Галерија

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9592 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.