Диетата и фитнесот на Адријана Лима
Почетна » Диети и фитнес » Диети на славните » Диетата и фитнесот на Адријана Лима

Диетата и фитнесот на Адријана Лима

Ангелот на Victoria's Secret, Адријана Лима, можеби го има најпосакуваното тело на светот. Каде и да се појави, нејзините прекрасни облини ги привлекуваат погледите и објективите. Која е нејзината тајна?

Адријана Лима
Адријана е приврзаник на диетата за контрола на порциите, а обожава да вежба Capoeira.

Диетата

Прекрасната линија Адријана Лима не ја одржува со некоја строга диета. Таа е приврзаник на диетата за контрола на порциите, т.е. јаде сè што ќе посака во мали количини. Адријана не е личност што се откажува од нејзините омилени храни (месо, колачиња и чоколадо), но го ограничува нивното консумирање.

Наутро нејзиниот појадок е пообилен и како што поминува денот нејзините оброци се намалуваат. Според неа, најдобро се спие ако не јадете тешка храна пред легнување.

Типичен ден на Адријана

Појадок: белки од јајца, каша од овес со суво грозје или мусли со јогурт и мед, кафе и млеко.

Ручек: една порција месо (риба, пилешко или црвено месо) со зеленчуци.

Ужина: сурови зеленчуци како краставица или морков. Лима е обожавателка на чоколадото, па не пропушта да го засити својот глад за слатко со неколку коцки чоколадо или лажичка мед.

Вечера: мала порција салата.

Совети

Адријана Лима секогаш кога зборува за диети или здраво хранење, дава два многу корисни совети:

  1. Пијте многу вода.
  2. Обидете се да имате здрав и мирен сон.

Фитнесот

Адријана Лима вежба за да биде секогаш во топ форма. Нејзина омилена активност е бразилската воена вештина Capoeira, која е комбинација од музика, танцување, аеробик и специјална кореографија која имитира борба. Исто така обожава да скока на јаже и да прави кардио вежби. Можеби ќе се изненадите, но една од нејзините активности е и боксот.

Поради фактот што често патува, секогаш кога нема време за вежбање Адријана трча на патека околу 30 минути, за да не ја изгуби својата топ форма.

Галерија

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9566 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.