• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Црвен тепих и аплаузи: Њујоршка премиера на македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“

9 јуни 2026, 21:15
  • cподели

 

Македонската кинематографија испиша нова историја, а во главните улоги се две неверојатни и инспиративни жени. На реномираниот филмски фестивал Tribeca во Њујорк, основан од легендарниот Роберт де Ниро, се одржа светската премиера на филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“. 

За првпат македонско филмско остварување е селектирано на престижниот фестивал, а режисерката Дина Дума и продуцентката Лабина Митевска блеснаа на црвениот тепих, носејќи го урбаниот дух на Скопје директно во срцето на Менхетен.

Заедно со Дина и Лабина, позираа актерката Симонида Селимовиќ, копродуценката од Хрватска Вања Сремац, директорот на Агенцијата Сашко Мицевски и советникот на директорот Стефан Ѓиноски.

Пред преполна сала и во атмосфера исполнета со силни емоции, американската публика со громогласен аплауз го пречека најновиот филмски проект на режисерката Дума. По завршувањето на проекцијата, следувала сесија на прашања и одговори, каде публиката и критичарите не штеделе комплименти за автентичноста, храброста и начинот на кој Дума успеала да извлече натурална и моќна глума од младата актерска екипа.

Талентираното женско дуо Дина (за која ова е втор долгометражен филм по успешниот „Сестри“) и Лабина покажа дека македонските приказни заслужуваат и можат да стојат рамо до рамо со најголемите светски филмски остварувања.

Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е искрена, силна и урбана приказна, зад која стои исклучителна екипа. Филмот е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, а сценариото е заедничко дело на Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска.

За визуелната магија и прекрасните кадри е заслужен директорот на фотографија Фредерик Ноаром, додека главните улоги ги толкуваат талентираните Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула.

Новото филмско остварување е голема меѓународна копродукција помеѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, а е поддржано од Агенцијата за филм, престижниот фонд „Еуримаж“ (Eurimages), како и од „Creative Europe MEDIA“.

Tags
Дина Дума
Лабина Митевска

Најнови

  • Наташа Беквалац со сестра си Кристина атрактивни русокоси во Белград, изгледаат како близначки

    Tue, 06/09/2026 - 22:46
  • Црвен тепих и аплаузи: Њујоршка премиера на македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“

    Tue, 06/09/2026 - 21:15
  • „Кога Дамјан ќе каже ‘ме боли главчето’, мама и тато не си го сакаат животот“: Апел за помош на Дамјан кој има тумор на мозок

    Tue, 06/09/2026 - 13:58
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.