Почетна » Новости » Занимливости » „Дали може да спијам кај Баба и Дедо?“ Сладок текст посветен на сите баби и дедовци кои се грижат за внуците

„Дали може да спијам кај Баба и Дедо?“ Сладок текст посветен на сите баби и дедовци кои се грижат за внуците

Бабите и дедовците се скапоцен дел од животот на секое дете. Само затворете ги очите и помислете на вашето детство и во вашите најслатки спомени неизбежно ќе се појават родителите на вашите родители.

Даниела Шерман-Лазар со сладок текст им оддава почит на сите баби и дедовци кои се грижат за внуците. Популарната авторка ги истакна магичните моменти кои се случуваат кога децата преспиваат кај Баба и Дедо и објасни зошто е важно тоа.

Даниела Шерман-Лазар

Спиењето кај Баба и Дедо е магично време за нашите деца.

Нивната врата се отвора и нашите деца се пресреќни. Тие се пресретнати со отворени раце и со повеќе љубов отколку што ние имаме енергија да дадеме.

Храната има подобар вкус, а прегратките се исполнети со возбуда додека „ископуваат“ ковчези со играчки од нашето детство, гледајќи ги низ очите на нивните внуци. Остануваат будни до доцна, гушкајќи се и гледајќи филмови во кревет, а се будат рано со палачинки со чоколадо.

Бабите и дедовците имаат време да се чувствуваат благословено и благодарно. Тие се присутни во игрите, трпеливо прашуваат како им поминал денот и се топат на секој каприц од нашите деца.

Тие не сакаат да пропуштат ништо.

Еден ден тие забавни преспивања кај нив ќе станат лекувачки. Децата ќе одат таму за да се справат со болката од неуспехот, за да добијат домашно приготвен оброк и за да добијат свежа перспектива која ќе ги направи посилни.

Нашите деца ќе знаат дека секогаш имаат и друга рака за којашто ќе можат да се држат за да се чувствуваат помалку осамено.

Сè што треба да направат е да речат: „Дали може да спијам кај Баба и Дедо?“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.