Почетна

Рецепт со Тања Кочовска: Запечени тестенини со брокули и пилешко за целото семејство

Семејните собири со најблиските околу трпезата се специјални моменти кои во животот учиме да ги цениме сè повеќе и повеќе. А кога тие се надополнети со вкусен оброк за кој секој има комплимент, тогаш се комплетно доживување.

Влегуваме во кујната со талентираната актерка и пејачка Тања Кочовска, која милува да вели дека кога готви за најблиските, не им дава само храна, туку и своето срце. Кулинарскиот избор е запечени тестенини со брокули и пилешко.

Тања Кочовска

Состојки

300 гр пилешко филе
сол
Vegeta Maestro црн бибер
2 лажици маслиново масло
200 гр брокула
1 Fant за запечени тестенини со шунка и сирење
800 мл вода
200 мл павлака за готвење
300 гр тестенини ригатони
50 гр рендан кашкавал или пармезан

Подготовка

1

Пилешкото филе го зачинуваме со сол и црн бибер и го пржиме во тавче со загреано масло. Откако ќе олади, го сечиме на ленти со дебелина од околу 1 сантиметар.

Запечени тестенини
2

Од брокулата ги чистиме тврдите шишки и ги одделуваме само „цветчињата“. Брокулата накратко ја вариме во еден литар посолена вода за да омекни. Во меѓувреме, во друго мало тенџере налеваме 800 мл вода и го додаваме прво прашокот од кесичката Fant, а потоа и павлаката за готвење. Мешаме додека зоврие и готвиме само 1 минута.

Запечени тестенини
3

Несварените тестенини ги ставаме во огноотпорен сад за печење и врз нив рамномерно ги редиме брокулите и пилешките ленти. Преливаме со приготвениот Fant сос, минимално промешуваме и рендаме кашкавал или пармезан.

Запечени тестенини
4

Во загреана рерна на 200°C печеме 30 минути (10-15 минути прекриено со фолија, а потоа ја отстрануваме). Сервираме со рендан пармезан.

Запечени тестенини

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.