Џенифер Лопез е бескомпромисна кога станува збор за вежбањето, а посветеноста кон редовната физичка активност неспорно е отсликана на нејзиното тело. И покрај тоа што чекори низ шестата деценија од животот, таа изгледа феноменално.
51-годишната ѕвезда беше фотографирана додека се упатуваше кон фитнес сала, при што виолетовиот спортски комплет ја истакна нејзината завидна фигура.








Лопез во изминатиов период размрда многу јазици со обновувањето на врската со Бен Афлек. Иако тие сè уште официјално немаат потврдено дека се заедно, веќе станува јасно дека повторното разгорување на нивната романса не е само шпекулација.
Славната пејачка и 48-годишниот актер беа „уловени“ во луксузна куќа во Мајами, која ја изнајмуваат за да поминат повеќе време заедно.







Џенифер и Бен имаат љубовна историја. Тие се верија во 2002 година по неколкумесечна врска. Парот беше нарекуван „Бенифер“ и привлекуваше огромно медиумско внимание.
Денови пред да стапат во брак во 2003 година, ја одложија свадбата, а официјално се разделија во 2004 година.

