Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Што да направам? Да престанам да стареам? Да исчезнам?“ Сара Џесика Паркер возврати на критиките за нејзиното стареење

„Што да направам? Да престанам да стареам? Да исчезнам?“ Сара Џесика Паркер возврати на критиките за нејзиното стареење

Холивудските ѕвезди неретко добиваат критики и коментари за нивниот изглед на кои не можат да реагираат рамнодушно.

Сара Џесика Паркер не остана имуна на таквите коментари, па одлучи да го искаже својот став во интервју за „Вог“.

56-годишната актерка моментално го снима продолжението на серијата „Sex and the City“ во кое таа заедно со дел од останатите актери не ја сокриваат седата коса и брчките.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

За модната библија, Паркер изјави: „Постојат толку мизогинистички коментари за нас, кои никогаш нема да бидат кажани за мажите. Седа коса, седа коса, седа коса. ‘Дали таа има седа коса?’ Седам покрај Енди Коен и тој има седа коса и е извонреден. Зошто е во ред за него? Не знам што да ви кажам луѓе. Особено на социјалните мрежи. Секој има нешто да каже. ‘Таа има многу брчки, таа нема доволно брчки’“.

„Речиси чувствувам како луѓето да не сакаат ние да се прифаќаме онакви какви што сме, како да уживаат во тоа да ни задаваат болка за тоа што сме денес, дали ќе одлучиме да старееме природно и да не изгледаме совршено. Знам како изгледам. Немам избор. Што да направам во врска со тоа? Да престанам да стареам? Да изчезнам?“ – додаде славната актерка.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Модни куќи како Долче и Габана, Валентино, Шанел, Фенди и Александар МекКвин позајмија креации за фотосесијата на Сара Џесика за „Вог“.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27560 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.