Синоќа, на People’s Choice Awards, на Пинк ѝ беше врачено признание за нејзината хуманитарна работа.
40-годишната пејачка ја прими наградата „Шампион“ на свеченоста која се одржа во Санта Моника, Калифорнија.
На манифестацијата, музичката ѕвезда ја доби поддршката од двете мали деца Вилоу и Џејмисон и нејзиниот сопруг Кери Харт.
По примањето на статуетката, Пинк одржа мотивациски говор на сцената.
„Знам дека една личност може да направи разлика. Се чувствувате како да не сте важни? Како вашиот живот да не е важен? Вклучете се. Не можете да ми кажете дека Мартин Лутер Кинг Јуниор, Роза Паркс, Нелсон Мендела, Глорија Стејнем, Анита Хил, Рут Бејдер Гинсберг, Малала Јусафзаи, Грета Тунберг... Кажете ми дека една личност не може да направи разлика“ – изјави славната пејачка во својот говор.
„Има многу што може да се направи. Не ми е гајле за политиката, јас се грижам за вашите деца. Се грижам за пристојноста, хуманоста и љубезноста. Љубезноста денес е чин на бунт. Има луѓе кои го немаат тоа што вие го имате, па помогнете им да го добијат. Постои планета на која ѝ треба помош, чувството е убаво кога помагате. Престанете да се борите едни со други и помагајте си. Обединете се со пријателите и променете го светот“ – додаде Пинк.