Ријана е новата ѕвезда која ја доби насловната на „Вог“ Италија.
Од атрактивен проѕирен фустан, до „oversize“ јакни, 33-годишната пејачка позираше во различни стилови за јунското издание на списанието.
За едиторијалот насловен „Do It Yourself“, Ријана сама ја избирала облеката и сама се фотографирала.







