Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Серена Вилијамс никогаш послаба откако сподели дека користи инјекции за слабеење

Серена Вилијамс никогаш послаба откако сподели дека користи инјекции за слабеење

Серена Вилијамс го украде вниманието на Миланската модна недела.

Легендарната тенисерка се појави на премиерата на краткиот филм на Gucci, „The Tiger“, во долг фустан со пердуви од италијанската модна куќа и ги размрда прстите на фоторепортерите.

Откако отворено сподели дека користела инјекции за слабеење за да намали 14 килограми, таа сега ја покажа својата трансформација и новата самодоверба.

Серена Вилијамс Серена Вилијамс Серена Вилијамс Серена Вилијамс

Вилијамс во интервју за People откри дека користи инјекции за слабеење откако со години се борела со килограмите по раѓањето на ќерките Олимпија и Адира.

„Никогаш не можев да стигнам до тежината која ми требаше, без разлика колку напорно тренирав. Беше лудо, бидејќи никогаш во мојот живот не сум била во ситуација да тренирам толку напорно, да се хранам здраво, а да не можам да ги симнам килограмите. Фрустрирана бев што не можев да ја променам цифрата на вагата или изгледот на моето тело“ – раскажала таа.

Серена Вилијамс Серена Вилијамс Серена Вилијамс Серена Вилијамс

Решена да го промени својот изглед, Серена се насочила кон инјекции за слабеење кои го регулираат нивото на шеќер во крвта и се наменети за лица со дијабетес Тип 2. Со нивна помош, намалила 14 килограми.

„Се чувствувам одлично. Се чувствувам многу добро и здраво. Се чувствувам лесно физички и ментално“ – рекла таа за People.

„Можам да правам многу повеќе, поактивна сум. Зглобовите не ме болат толку многу... Сè правам побрзо. Имам многу повеќе енергија...“ – додала таа.

Серена Вилијамс Серена Вилијамс Серена Вилијамс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30434 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.