Откако ги исполни професионалните ангажмани во рамките на Канскиот филмски фестивал, Бела Хадид се оддаде на уживање.
25-годишниот модел со новата љубов отпатува на тропскиот остров Сент Бартс, но не успеа да ги заобиколи папараците.
Славната убавица и 33-годишниот уметнички директор беа фотографирани додека си разменуваа нежности и се разладуваа покрај луксузниот хотел „Eden Rock“.


















Бела и Марк, кои се во врска од 2020 година, беа видени и додека со пријатели ги истражуваа убавините на Франција.




