Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Октај Сејди со насолзени очи: „Нема подраго нешто од мајка... не е срамота да пуштиш солза“

Октај Сејди со насолзени очи: „Нема подраго нешто од мајка... не е срамота да пуштиш солза“

Октај Сејди покажа дека е емотивен и силно приврзан за своето семејство во поткастот на Нина Ред, „Reset“.

Популарниот македонски стилист се расплака додека зборуваше за специјалната врска која ја има со мајка си и призна дека му е многу важно нејзиното мислење за секој детаљ од неговиот живот.

Октај Сејди Октај Сејди

„Нема подраго нешто од мајка. Битна ми е нејзината насмевка, во нејзиното лице. Сакам да биде горда мајка, како што е. Знам дека за секое чедо мајката е нели најбитна, исто и обратно, за секоја мајка своето чедо е најбитно. Таа мене ме порасна со други верувања и со други глетки, таа друго гледа на светот.“

„Ме научи од мал дека не смеам да газам ни на мравка, на пример. Јас тоа не го сфаќав, дете бев, си играш на улица и газиш и правиш. На моменти ќе ми кажеше: ‘Октај, зошто вака направи? Тие тоа го изградиле, не смееш да го нарушиш’. Не ја сфаќав, дете бев нели. Кога пораснавме, почнав да ја сфаќам“ – рече низ солзи Октај.

Октај Сејди

Нина, која му е многу блиска пријателка, го запраша дали му е тешко да зборува за неговите емоции, на што тој одговори:

„Не ми е тешко да зборувам за емоциите, затоа што ние сме исти, нема машко женско. Бог нè створил сите подеднакво, емоцијата е емоција, нема род, не е срамота да пуштиш солза. Ти си човек, ти не си камен. Во овој свет мислам дека нема ништо што е наменето посебно за женски, посебно за машки. Подеднакви сме, чувство е чувство“.

Покрај блискоста со мајка си, Октај негува и посебни односи со неговата сестра, со која заедно и работи.

„Сестра ми е ѕидот на којшто се потпирам кога ќе се изморам. Тука е секогаш, за сè. Ние сме пораснати поразлично, цело време сплотени со фамилијата, со најблиските... И сè што правам, правам за нив“ – рече тој.

Еве ја целата епизода од поткастот:

Октај Сејди Октај Сејди Октај Сејди Октај Сејди

Октај е еден од најпопуларните стилисти кај нас и соработува со бројни ѕвезди.

Октај Сејди Октај Сејди Октај Сејди Октај Сејди Октај Сејди Октај Сејди Октај Сејди Октај Сејди

ФОТО: Instagram / Oktaj Sejdi

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30361 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.