Шпекулациите дека Ирина Шајк и Кание Вест се во врска добиваат сè поголема сила. Популарниот модел и славниот рапер беа фотографирани заедно во Франција откако извесно време се шират гласини дека започнале романса.
44-годишниот музичар го слави роденденот во Прованса, а сликите покажуваат дека е во друштво на пријатели и на 35-годишната убавица од Русија.
Според информации до кои дојдоа релевантни странски медиуми, Кание и Ирина се состануваат неколку недели и има љубовен интерес од двете страни.












Вест неодамна официјално се раздели од Ким Кардашијан со која има четири деца. Шајк има една ќерка со Бредли Купер.

