Камила Кабејо е гласен поборник за тоа дека жените не треба да се срамат од телото и дека е неопходно да го прифатат со сите несовршености.
24-годишната музичка ѕвезда сними кратко видео откако беше фотографирана во краток топ и хеланки за време на тренинг во парк.

„Тукушто трчав во парк и си ја гледав работата, обидувајќи се да бидам фит и да го одржувам здравјето. И носам топ кој го покажува мојот стомак. Не го собирав стомакот, бидејќи трчав и живеев како нормална личност која не го собира навнатре стомакот постојано. И си помислив: ‘По ѓаволите’. И тогаш се потсетив дека војувањето со твоето тело е демоде.“
„Благодарна сум за ова тело кое ми дозволува да правам сè што треба да правам. Ние сме реални жени со облини и целулит и стрии и масти. И мора да го прифатиме тоа“ – вели таа во TikTok видеото.
@camilacabello i luv my body
♬ original sound - Camila Cabello




Талентираната пејачка беше уловена од папараците и на прошетка со Шон Мендес, со кого е во врска од 2019 година.




