Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Крушата под круша паѓа: Ќеркичката на Жизел Бундшен е нејзина мини копија

Крушата под круша паѓа: Ќеркичката на Жизел Бундшен е нејзина мини копија

Каква мајка, таква ќерка.

Шестгодишната ќеркичка на Жизел Бундшен е нејзина мини копија, а постои и фото-доказ за тоа.

39-годишниот модел сподели колаж од фотографии. Лево е поставена фотографија од нејзиното детство, а десно од нејзината ќерка Вивиен.

„Дали вие сметате дека си личиме?“ – напиша Жизел во описот, по што се нанижија илјадници коментари за нивната сличност.

„Вие двете сте идентични. Гените ви се силни“, „Близначки“ и „Идентична насмевка“ – се дел од коментарите кои ги оставија следбениците на атрактивната Бразилка.

Жизел Бундшен семејство Жизел Бундшен семејство

Неодамна, Жизел сподели и фотографии од себе и нејзината мајка во младоста, за да покаже од кого ги наследила добрите гени.

Жизел и Том Брејди се родители и на 9-годишниот Бенџамин. Том има и 12-годишен син од претходна врска.

Жизел Бундшен семејство Жизел Бундшен семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.