Ким Кардашијан ги истакна препознатливите облини на бразилската премиера на „All's Fair“ откако објави дека не успеала да го положи правосудниот испит.
45-годишната актерка и основачка на SKIMS позираше на црвениот тепих во Копакабана во креација со гол грб која совршено ѝ ја истакна фигурата на песочен часовник. Фустанот со пердуви е дело на модната куќа Conner Ives.
Во ТВ серија „All's Fair“, Ким ја има главната улога заедно со Наоми Вотс, Тејана Тејлор, Сара Полсон и Глен Клоус.
Ким пред неколку дена сподели дека не успеала да го положи правосудниот испит кој го полагаше изминатото лето, но дека нема да се откаже од својата намера.
„Шест години сум на ова правно патување и сѐ уште сум целосно посветена додека не го положам правосудниот испит. Без кратенки, без откажување, само повеќе учење и уште поголема решителност. Им благодарам на сите кои ме поддржаа и ме охрабруваа на овој пат. Неуспехот не е пораз, туку гориво. Бев многу блиску да го положам испитот и тоа само ме мотивира уште повеќе“ – напиша Ким на социјалните мрежи.
Во мај оваа година, Ким се пофали на социјалните мрежи дека дипломира право по шест години студии.
Трејлер за „All's Fair“
