Шерон Стоун ја имаше честа да ја додели наградата „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал.
На последниот ден од манифестацијата, 63-годишната актерка изгледаше како модна божица. Таа зачекори на црвениот тепих во бела креација од Долче и Габана и привлече многу комплименти.





















Стоун ѝ ја врачи престижната награда на режисерката Жулија Дукорно. Жулија е втората жена која го има примено ова признание во историјата на фестивалот.

