Јелена Розга и Наташа Беквалац беа гостинки во емисијата „Студио“ на РТС.
43-годишната Хрватка и 40-годишната Србинка за првпат заедно настапија на сцената и направија музички спектакл за кој добија бројни комплименти.
За време на интервјуто во студиото, Розга носеше црна креација од eNVy room, а Беквалац за приликата избра бел комбинезон од Ines Atelier.
За сценскиот настап, Јелена буквално блескаше во уште две креации од eNVy room, додека Наташа носеше провокативен фустан од Нина Рајак, како и боди од Noëmi Fashion Studio.