Дуа Липа со почести беше пречекана во Тирана. Славната пејачка отпатува во Албанија заедно со дечкото Анвар Хадид и со своето семејство.
Заедно со градоначалникот Ерион Велиај, популарната музичарка присуствуваше на прес-настан по повод градењето на градинката „Сани Хил“ во центарот на градот. Липа со хуманитарна кампања и со сопствени средства ќе помогне во опремувањето на просторот наменет за 300 деца.






Ѕвездата, чии родители потекнуваат од Косово, беше и на свечен прием кај премиерот Еди Рама.




На социјалните мрежи, 25-годишната изведувачка на „Levitating“ сподели моменти од престојот во Албанија.
















