Се ближи денот на премиерата на новата романтична комедија „Marry Me“, во која главните улоги им припаѓаат на Џенифер Лопез, Малума и Овен Вилсон.
Штотуку беше објавен официјалниот трејлер за филмот чија премиера ќе биде на Денот на вљубените.
Филмот ја следи приказната за музичките ѕвезди Кет Валдез (Џеј Ло) и Бастијан (Малума) кои треба да се венчаат на сцената пред милионска публика. Но, минути пред свадбата дотераната невеста дознава дека е изневерувана и одлучува да се омажи за Чарли (Овен Вилсон), маж од публиката кој без да знае држи транспарент со натпис „Омажи се за мене“.
Погледнете го трејлерот:




