Сè појасно е дека „Бенифер“ направи „кам-бек“ на шоу-бизнис сцената. Џенифер Лопез и Бен Афлек веќе не се кријат од јавноста и беа фотографирани заедно во Вест Холивуд.
51-годишната пејачка и актерка и 48-годишниот актер се прегрнуваа пред ресторан на популарниот шеф Волфганг Пак.









Ова не е прво љубовно поглавје на парот. Лопез и Афлек се верија во 2002 година, а во 2004 година и официјално раскинаа.
По нивната разделба, Џеј Ло беше во брак со Марк Антони, а годинава ја раскина свршувачката со Алекс Родригез. Афлек пак, беше венчан со Џенифер Гарнер до 2018 година.
