Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Весна Петрушевска на 21-виот роденден на ќерката Мина: „Ти си пример како треба едно девојче да се бори и да се избори“

Весна Петрушевска на 21-виот роденден на ќерката Мина: „Ти си пример како треба едно девојче да се бори и да се избори“

Ќерката на Весна Петрушевска наполни 21 година.

Мина Тренкоски го прослави својот специјален ден во друштво на двете најважни жени во нејзиниот живот – баба ѝ и мајка ѝ. Иако претходно планирале да шетаат на роденденот на Мина, сепак, на крајот тие одлучила дека не е важно каде се, туку да бидат заедно.

Мина Тренкоски

Македонската актерка сподели фотографии од овој момент на дружба на трите генерации жени и напиша:

„Имавме планови да се шетаме за овој роденден, сепак ни беше најважно да сме трите заедно. Минче, пиле мое, среќен 21. роденден и ти навистина си пример како треба едно девојче да се бори и да се избори. Мина ти си цар. Ти си сонце кое ја чуваш баба , ти си Божји дар за мојата насмевка и светлина која чекори.“

Мина Тренкоски Мина Тренкоски Мина Тренкоски

Додека се менуваат фотографиите, гордата мајка вели:

„Мина денес наполни 21 година. Се познаваме точно 20 години и 3 месеци. Имаше само 9 месеци и 4 и пол килограми. После сите битки, после сите страшни работи, денеска Минче студира, а јас сум најсреќен човек на свет.“

Мина Тренкоски Мина Тренкоски

Весна секогаш отворено зборува за својот живот, за својата битка со ракот на дојка и за здравствените предизвици на Мина која минатата година имала белодробен инфаркт во Дубаи и била во кома.

Весна Петрушевска

Сепак, и покрај сите битки, тие успеваат да му се радуваат на животот и да ги слават заедно среќните моменти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30367 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.