Анџелина Џоли е во посета на Франција каде е придружувана од четири од своите шест деца.
46-годишната актерка и хуманитарка промени неколку стајлинзи додека ги извршуваше своите професионални и семејни обврски низ Париз.
За шопинг со Шајло, Захара и Пакс, Џоли носеше костум во бежова нијанса и бела маица.











Потоа, славната актерка беше фотографирана во бело фустанче.





Џоли носеше црн аутфит за излегување со четирите деца.



Џоли е во Франција за да ги поддржи локалните пчелари и да се бори за спасување на пчелите. Таа им додели дипломи на неколку девојки од „Women for Bees“, програмата лансирана од УНЕСКО и Француската опсерваторија за апидологија за обучување и поддршка на жените пчеларки-претприемачи низ целиот свет.
На овој настан, холивудската ѕвезда облече пчеларски костум.










