Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Андријана Јаневска елегантна во балски фустан на концертот „Летај Галебе“

Андријана Јаневска елегантна во балски фустан на концертот „Летај Галебе“

Андријана Јаневска беше дел од ѕвездите кои синоќа блеснаа на сцената во Националната опера и балет.

На концертот „Летај Галебе“, посветен на творештвото на легендарниот композитор Кире Костов, македонската пејачка зрачеше со елеганција облечена во долга креација. За музичкиот настан, Андријана избра сатенски бордо фустан, а на сцената со големи емоции ја отпеа „Само сеќавања“.

Андријана Јаневска Андријана Јаневска Андријана Јаневска Андријана Јаневска Андријана Јаневска

Јаневска на социјалните мрежи сподели фотографии и напиша:

„Неколку фотографии од спектакуларниот концерт кој вчеравечер се одржа во преполната сала на Македонската опера и балет. Концертот беше посветен на маестро Кире Костов кој ги напиша најубавите безвременски хитови: Кога те нема, Само сеќавања, Штом се сака, 223305, Тајно моја и многу други. Честитки и до маестро Сашо Татарчевски кој мајсторски го водеше оркестарот составен од врвни професионалци“.

Андријана Јаневска Андријана Јаневска Андријана Јаневска Андријана Јаневска Андријана Јаневска

Евергринот „Само сеќавања“ е дело на Костов, а за првпат беше изведен на Деновите на Југословенската музика на Фестивалот во Опатија 1984 година од Маја Оџаклиевска.

Фото: Благоја Цоканов / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30373 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.