Почетна » Новости » Мода » Скарлет Јохансон во Балман фустан зрачи со суптилен гламур и моќ

Скарлет Јохансон во Балман фустан зрачи со суптилен гламур и моќ

Скарлет Јохансон ги претвори улиците на Менхетен во своја модна писта.

Додека се упатуваше во студиото на „The Late Show With Stephen Colbert“ во Њујорк, 40-годишната актерка остави силен впечаток со црн миди фустан од актуелната pre-fall колекција на Балман, дизајнирана од Оливие Рустан.

Фустанот без прерамки, со деколте во форма на срце и суптилно нагласени линии, совршено ја истакнуваше нејзината силуета. Дизајнот беше надополнет со шлиц на задниот дел и црн впечатлив ремен со златни детали.

Скарлет го заокружи изгледот со црни сандали со тенки ремчиња, накит од брендот Sidney Garber, како и црвен кармин кој внесе доза на гламур. За овој моден избор беше заслужна стилистката Кејт Јанг, позната по соработките со Дакота Џонсон и Џулиен Мур.

Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон Скарлет Јохансон

Јохансон го промовира филмот „Eleanor the Great“, кој е нејзино режисерско деби. Филмот ја следи приказната на Еленор, која по голема загуба започнува патување полно изненадувања. Премиерата во кината е закажана за петок.

Трејлер за „Eleanor the Great“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30367 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.