Меланија Трамп лансираше нова глобална коалиција за децата во рамките на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.
Првата дама на САД ја претстави иницијативата „Fostering the Future Together“, чија мисија е секое дете да се развива и напредува во дигиталната ера.
„Големите умови ги претворија билиите во микрочипови, хартиените авиони во дронови и летечките змејови во сателити“ – рече во својот говор Меланија и потенцира дека „следната генерација ќе ја користи технологијата за да го револуционизира начинот на којшто живееме, патуваме, дизајнираме и се поврзуваме“.
На настанот, 55-годишната сопруга на Доналд Трамп се појави во едноставен бел костум.
Иницијативата на Меланија доби поддршка од јорданската кралица Ранија, која зрачеше со беспрекорна елеганција во свилен фустан во путер-жолта нијанса од Баленсијага.
