Риби (19. II – 20. III)

Четврток, 18 Април 2024

Денес ќе бидете многу нетрпеливи и ќе се нервирате кога некој е неодлучен или бавен. Не реагирајте будно, бидејќи може да жалите подоцна за тоа. Запомнете дека кажаните зборови не можат да се вратат.

Нема да имате трпение да се занимавате ниту со детали. Ова е ден кога ќе сакате сè да се случува брзо, па нема да се задржувате долго време на едно место.

Април, 2024

Љубов

Животот е убав, за оние што знаат да го живеат. Вие дефинитивно ќе бидете дел од таквите личности овој април. Вашата енергија ќе ве прави омилена личност на секој собир или настан, па подгответе се да бидете во центарот на вниманието.

Сексапилниот Марс цел месец ќе патува во вашиот знак, давајќи ви доволно сексапил за да го освоите светот ако посакате. Вашиот поглед ќе освојува, а вашата насмевка ќе хипнотизира. Нема потреба да поминувате часови пред огледалото, ќе блескате без разлика што ќе облечете на себе. Многу нови додворувачи ќе се распрашуваат за вас, па слободно бидете пребирливи и изберете го најдоброто за вас.

Паровите ќе имаат незаборавни моменти во интимна атмосфера. Зголеменото либидо ќе ве тера почесто да останувате дома со партнерот и да уживате во физичката интимност. Нема да можете да се наситите еден од друг.

Романтичарката Венера ќе премине во вашиот сектор на самодовербата на 5 април. Стилот ќе ви биде за чиста десетка и постојано ќе изгледате софистицирано. Можно е да се вљубите во некој кој ќе го запознаете на работното место или во некој кој до вчера ви делувал здодевно поради неговата сериозност. Ова е месец кога ќе трагате по стабилност на секое поле од животот.

Ако сте веќе во врска, со партнерот ќе надминете проблем поврзан со пари или со претерано работење. Тајната формула се состои од следниве состојки: отворена комуникација, искреност, љубов и разбирање. Покажете зрелост, а не доминантност.

Полната месечина месецов ќе настапи на 24 април во вашата 9-та куќа на далечните дестинации. Не е исклучена можноста околу овој датум да се вљубите во шармантен странец или пак да ја пронајдете вашата љубов додека патувате низ светот.

Венера, планетата на љубовта и убавината, на 29 април ќе премине во вашата 3-та куќа на локалните случувања, будејќи ја кокетата во вас. Не преувеличуваме ако кажеме дека ќе бидете една од најатрактивните личности во вашето место на живеење. Многу риби ќе ја најдат љубовта во својот круг од пријатели.

Веќе имате партнер? Фатете го за рака и придружете им се на пријателите на најголемата забава во последните априлски денови. Покажете колку лудо знаат да се забавуваат рибите.

Работа и пари

Еј, незапирливи риби, дали сте подготвени за успеси? Април е месец на кариерата за вас, месец кога треба максимално да го искористите вашиот потенцијал за да се искачите нагоре на професионален план. Сонцето во најголемиот дел од месецот ќе патува во вашата 2-ра куќа, носејќи ви нови можности за дополнителна заработка и кариерен развој.

Нов почеток ви претстои на 8 април кога младата месечина ќе настапи во вашата 2-ра куќа, а ќе има и тотална соларна еклипса. Кога воопшто не очекувате, за првпат ќе се вработите, ќе бидете унапреден, ќе добиете бонус или ќе го потпишете договорот од вашите соништа.

Сепак, имајте на ум дека од 2 до 25 април комуникативниот Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на работата и парите. Можно е да имате недоразбирања со колегите, да се соочите со загубени документи или непотполна документација, со одложени рокови или со проблеми со технологијата. Секогаш имајте план Б.

Откако на 19 април Сонцето ќе се пресели во вашиот сектор на идеите, ќе блеснете на работното место со вашиот интелект. Ќе имате многу поддржувачи во реализацијата на вашите идеи. Работете во колектив, заедно ќе бидете посилни.

Здравје

Кажете им збогум на лошите навики! Во првите три недели од април Сонцето ќе патува во вашиот сектор на секојдневните рутини, охрабрувајќи ве да ја преземете контролата врз сопствениот живот и да не препуштате ништо на случајноста. Подгответе си пролетен фитнес план и следете го без оглед на сè.

Многу риби ќе им кажат збогум на пороците и нездравите навики на 8 април, под светлината на младата месечина. Ова ќе биде пресвртница во вашиот живот. Не се изненадувајте ако направите екстремни промени во исхраната или ако започнете секој ден да тренирате сакајќи да си го подобрите здравјето и изгледот.

Не ги избегнувајте стоматолошките прегледи.

2024 година

Љубов

Сè укажува на тоа дека ве очекува радосна, романтична и просперитетна година! Небесните тела се подготвени да ве опсипат со позитивни случувања, па нетрпеливо чекајте да проделува космичката магија.

Сексапилниот Марс од 4 јануари до 13 февруари ќе се движи низ вашиот сектор на пријателството, бришејќи линии помеѓу љубовта и пријателството. Одненадеж може да пролетаат искри помеѓу вас и личност која подолго време се движи низ вашиот друштвен круг.

На 13 февруари Марс ќе влезе во вашиот сектор на фантазијата и скриените намери, каде ќе остане до 23 март. Можно е да се заљубите во личност која спаѓа во категоријата „забрането овошје“ или со која знаете дека немате иднина. Некои риби може да наидат на проблеми во врската предизвикани од разоткривање на одредени тајни.

Првиот супер романтичен период за вас во текот на 2024 година е од 11 март до 5 април, кога Венера ќе патува низ вашиот знак. Љубовната хармонија која ќе завладее во вашата врска ќе резултира со многу интимни средби со саканиот, брзо решавање на проблемите и заедничко донесување на одлуки. Никој и ништо нема да може да ве сврти еден против друг. Не сте во врска? Купидон ќе ве погоди со љубовна стрела, приближувајќи ве до личност која ве привлекува и физички и интелектуално.

На 23 март сексапилниот Марс влегува во вашиот знак, зголемувајќи ви ги либидото и желбата да поминувате повеќе време под чаршафите со саканиот. Марс ќе го истакне вашиот сексапил, па нема да можете да се пожалите дека ви недостига внимание од спротивниот пол.

Нептун, кој е и ваша планета-владетел, до 2026 година ќе престојува во вашиот знак. Мистериозноста ќе ви стане заштитен знак, а за спротивниот пол ќе бидете неодолива загатка. Под влијание на Нептун, можно е да сретнете личност која ќе ги излекува раните од вашето минато и ќе ви покаже дека љубовта не завршува секогаш со скршено срце. Таа личност ќе ви ја врати вербата во вечната љубов. Во врска сте? Додека Нептун е ретрограден, односно од 2 јули до 8 декември, можно е често да ви се појавуваат неосновани сомнежи кон вашиот сакан, но тој ќе прави сè за да ви докаже дека сте единствената личност во неговиот живот.

Сатурн цела година ќе престојува во вашиот знак и ќе ви даде животни лекции кои никогаш нема да ги заборавите. Под влијание на строгиот Сатурн, ќе бидете екстремно внимателни на љубовен план. Нема да избрзувате со одлуките и ќе бидете многу пребирливи кога станува збор за нов партнер. Ќе имате многу предизвици, но добрата вест е што ќе се гордеете со секоја ваша постапка и со секој ваш избор.

До 26 мај Јупитер ќе патува директно низ вашиот сектор на домот и семејството. Многу риби ќе се израдуваат поради проширувањето на семејството со нов член – некои ќе добијат свое дете, а други пак ќе бидат пресреќни поради бременост на блиска личност. Рибите кои се во брак ќе уживаат во хармонијата која ќе царува во нивниот дом.

Ве очекува жежок почеток на летото. Од 17 јуни до 11 јули Венера ќе се движи низ вашиот сектор на страста и романсата. Со партнерот ќе го искористите овој период за разгорување на сексуалната искра. Некои риби ќе заминат на романтично патување. На рибите кои не се во врска ќе им годи вниманието кое ќе го добиваат од спротивниот пол. Ќе заведувате како неодолива божица, а бројните додворувачи ќе бидат доказ за тоа.

Полната месечина во вашиот знак на 18 септември доаѓа заедно со делумно затемнување на Месечината. Некои риби ќе прослават за свршувачка, брак или вселување во заеднички дом со саканиот. Ова е ден за издигнување на врските на следното ниво. Рибите со статус сингл можно е да спојат усни со лице со кое подолго време флертувале интензивно.

На 15 ноември Сатурн ќе премине во директно движење во вашиот знак, а на 8 декември него ќе го следи и Нептун. Очекувајте хармоничен крај на годината и љубовни моменти кои ќе ве уверуваат дека романтичната иднина ви е многу светла и магична.

Пари и работа

Започнува година во која ќе ја стабилизирате финансиската состојба и спокојно ќе кроите големи планови.

Оптимистичката планета Јупитер до 26 мај од 2024 година ќе престојува во вашата комуникативна 3-та куќа, па во првите 5 месеци од годината ќе бидете во центарот на вниманието на работното место. Нема да ви недостига ниту смелост, ниту креативност, па колегите и соработниците често ќе дотрчуваат до вас за идеи и совети. Некои риби ќе станат инвеститори во сферата на технологијата. Само напред, прифатете го проектот кој никој друг не сака ни да го погледне. Среќата ќе ве прати насекаде.

Од 2 до 24 април Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на парите и работата. Тоа може да доведе до недоразбирања на работното место. Бидете потрпеливи во комуникацијата со колегите и читајте ги по неколкупати договорите кои ги потпишувате. Април не е поволен месец за преговори и важни презентации.

Полната месечина на 23 мај ќе настапи во стрелец, вашиот сектор на кариерата и амбициите. Токму пред почетокот на летото ќе ги ожнеете плодовите од вашиот труд вложен во првата половина на годината. Некои риби токму тогаш ќе се израдуваат со вести за ново работно место.

Уран ќе продолжи да патува низ бик, вашиот сектор на комуникацијата. Ќе ја менувате деловната комуникација и ќе бидете изненадени од позитивните резултати. Проучувајте повеќе за стратегии и тактики за убедување и влијаење врз туѓите одлуки.

Ноември ќе ви биде особено успешен месец во кој ќе реализирате многу од целите што сте си ги зацртале на почетокот од годината.

Здравје

Ќе ги негувате подеднакво и физичкото и менталното здравје. 2024 година ќе ви покаже дека најдобро функционирате кога телото и умот ви се на иста фреквенција, па ќе практикувате медитација или јога за да постигнете внатрешна хармонија.

Од 13 февруари до 23 март, енергичниот Марс ќе патува низ вашиот сектор на одморот. Ќе морате порано да се упатувате кон спалната соба навечер ако сакате да бидете свежи наутро. Под влијание на Марс, можно е да имате проблеми со спиењето.

Откако на 23 март Марс ќе се врати во вашиот знак, ќе добиете нови дози енергија. Но дотогаш, морате да бидете подготвени за мали кризи.

Во текот на 2024 година, мистичниот Нептун, вашата планета владетел, ќе престојува во вашиот знак, насочувајќи ве кон алтернативната медицина, односно кон природни методи за лекување. Од 2 јули до 8 декември Нептун ќе се движи ретроградно, што значи дека ќе ви треба повеќе одмор од обично за да функционирате нормално. Во овој период, не претерувајте со алкохолот.

Општи карактеристики за риби

Рибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун. Во римската митологија Јупитер е цар на боговите, а Нептун - владетел на морињата. Јупитер исто така управува со стрелец, но додека рибите ја претставуваат женската страна, стрелецот ја претставува машката. Нептун е претставник на сè што е мистично, на соништата, заблудите, фантазијата.

Родените во овој знак се идеалисти и во повеќето случаи нивните желби се нејасни. Симболот на овој знак се две риби, кои пливаат во различна насока. Едната риба ја симболизира реалноста, а другата мечтите. Ако вашиот знак е риби, вие имате силно развиена интуиција и секогаш знаете што се случува околу вас. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да избега од реалноста.

Вие сте многу креативни, а вашата фантазија е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста. Љубител сте на танцувањето, филмовите, поезијата и музиката. Секој претставник на овој знак треба да има дневник покрај својот кревет, затоа што најдобрите идеи кај рибите идат додека тие спијат.

Никогаш не сте агресивни, лесно наоѓате лидер кој што ќе ве води и сте задоволни кога судбината ве води, независно дали во познат или во непознат правец.

Риби е знак спротивен на девица, знакот на здравјето. Додека девиците се интересираат за конретните аспекти од животот, рибите се сврзуваат со потсвеста, со емоционалниот и менталниот живот. Претставниците и на двата знаци се посветуваат премногу на другите, но рибите понекогаш премногу влегуваат во улогата на жртви.

Елементот на рибите е водата и како воден знак вие сте многу емоционални и одговарате на предизвиците преку чувствата, а не преку физички, практични и интелектуални дејствија. Во љубовните односи сте нежни, верни и романтични, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Кога таинственоста исчезне веднаш се разочарувате и тргнувате во потрага по нов партнер - идеалниот.

Поради фактот што рибите се последниот знак во хороскопот, вие имате можност да учите од првите единаесет знаци. Родени сте за да му помогнете на човештвото да ги достигне највисоките нивоа на духовност. Иако понекогаш се чувствувате беспомошни, вие сте многу посилни отколку што можете да си претставите. Најдобриот начин за да ја почувствувате вашата сила е да им помогнете на луѓето, кои имаат потреба од помош.

Луѓето околу вас имаат многу големо влијание на вас и многу лесно можат да направат да се чувствувате виновни. Поради тоа треба да стоите настрана од „пријатели“, кои ве искористуваат или прават да се сомневате во самите себе. Оставете ги околу вас само оние ваши пријатели, кои имаат добро срце!

Симбол:
Риба

Симболизира:
Океани, промени, гостопримство, пороци, зависност, болници, затвори, филантропија, добротворни организации, заштита на животните, предавство, тајни науки, шпионажа, бегство од обврски, самоубиства.

Елемент:
Вода

Планета:
Јупитер и Нептун – планетата на фантазијата и соништата.

Ден од седмицата:
Четврток

Боја:
Морско сина

Број:
2

Скапоцени камења:
Сафир

Најдобри професии:
Поети, пророци, лекари, писатели, илузионисти, балерини, актери, фотографи, рибари, хипнотизери, монаси, свештеници, медицински сестри, уметници.

За да се спријателите со нив:
Учествувајте во дејностите кои ги извршуваат и помагајте им кога имаат проблеми.

Дел од телото:
Стапало

Добри карактеристики:
Романтични, интуитивни, мистични, услужливи, мудри, спокојни, креативни, ведри, скромни, љубезни, мечтатели, прекрасни партнери, многу романтични, нежни, чувствителни.

Лоши карактеристики:
Наивни, самосожалувачки и самоуништувачки настроени, надвор од реалноста, расеани, песимисти, неуверени, неорганизирани, нерешителни, порочни, зависни, лицемери, предавници, страшливци.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Слатка насмевка, ненадејни движења.

Омилени работи:
Танцување, романтични средби, смеење и плачење, прошетки на плажа, долги поетски писма.

Работи кои ги мразат:
Реалноста, фрлањето на новогодишната елка, дневна светлина, лош дизајн и гласна музика.

Можете да ги најдете:
Како им помагаат на стари лица, како мечтаат во ноќните клубови, како се држат за раце под масата во романтичен ресторан.

Скриена желба:
Да најдат безусловна љубов!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10384 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.