Почетна » Убавина и мода » Мода » Празнични трендови и модни предлози – 2011/2012

Празнични трендови и модни предлози – 2011/2012

Се двоумите за изборот на свечена облека за новогодишната ноќ? Ви предлагаме неколку празнични модни трендови со чијашто помош ќе ја дочекате новата година со стил.

Празнично жешко црвено

Верувајте во моќта на црвената боја и обојте го со неа вашиот новогодишен аутфит. Заменете го малото црно фустанче со црвено или изберете модни додатоци во оваа жешка предизвикувачка боја и како со магнет ќе ги привлечете туѓите погледи.

Црвената боја е модерна, делува оптимистички, шири страст и веднаш паѓа в очи. Ако не ја изберете за вашата облека, изберете ја за вашиот кармин и лакот за нокти.

Празнично жешко црвено

Блесок и сјај

Време е да блеснете! Ставете акцент на металик материјалите или облеката со светулки, пулејки или други декоративни камчиња за да го разбудите празничниот дух.

Дозволете ѝ на блескавата облеката да зборува најгласно за вашиот изглед, а модните додатоци сведете ги на минимум.

Не сакате да ризикувате со премногу блесок? Инкорпорирајте блескави модни додатоци во поедноставна модна комбинација и на безбеден начин ќе го следите најсветликавиот тренд.

Блесок и сјај

Префинет сексапил со чипка

Чипката си ја зацврсти својата позиција меѓу трендовите, на огромно задоволство на нејзините обожавателки. Па, ни празничната сезона нема да помине без сексапилот и заводливоста кои зрачат од оваа текстурирана ткаенина.

Црно чипкасто фустанче е најпопуларниот избор. Но, ако сакате навистина да ги следите последните трендови, изберете чипка во бела, виолетова или беж боја.

Префинет сексапил со чипка

Црно-бела инспирација од машкиот стил

Судирот на женственоста и машкиот стил беше инспирација за врвните дизајнери сезонава, па зошто да не биде и за вас за новогодишните празници? Вечно модерната црно-бела комбинација е особено актуелна оваа сезона, а ќе ви даде малку повеќе слобода во комбинирањето.

Ако се одлучите за ваква комбинација, разбијте ја монотонијата и мажественоста на стилот со светликави обувки или модни додатоци во златна или сребрена боја. Адути нека ви бидат карминот и лакот за нокти во црвена или кајсија боја, а потенцирајте ја женственоста преку фризура со големи локни.

Црно-бела инспирација од машкиот стил

Женствени панделки

Големите воочливи панделки се пробија на сцената. Црвените килими во Холивуд беа родното место на овој тренд кој молскавично ги маѓепса и стилистите и дизајнерите. Постепено панделките се најдоа на фустаните, кошулите, блузите, сукњите, на додатоците за коса, па дури и на панталоните.

Запомнете, една до две панделки се доволни за да доловите атрактивен изглед. Сè што е повеќе од тоа не само што не е потребно, туку и не е препорачливо.

Женствени панделки

Крзнена топлина

Крзното доминира во зимската сезона. Иако е топол материјал, тој оваа година ќе го пронајде своето место на новогодишните забави. Изберете крзнен елек за полежерна комбинација ако славите во домашна атмосфера или на плоштад, или пак, јака од вештачко крзно за да ги затоплите вашите рамена ако присуствувате на посвечена прослава.

Крзнените чизми се другата примамлива алтернатива која сигурно ќе ја изберат многу жени.

Крзнена топлина

Скапоцен гламур

Побарајте инспирација во длабоките богати нијанси на скапоцени камења. Најмоќни нијанси се темновиолетовата и смарагдно зелената. Сепак, никој нема да ви забележи ако се решите да го искористите гламурот на боите на сафирот или рубинот.

Луксузниот одблесок карактеристичен за скапоцените камења најлесно ќе го доловите со сатенска облека.

Скапоцен гламур

Блиц совет

Планирате да посетите неколку забави? Тогаш многу е важно што носите над облеката. Изберете впечатливо палто, мантил или бунда од вештачко крзно. Ако треба да се појавите на неколку различни места, може да не успеете да стигнете да се соблечете секаде каде што ќе одите, па силен впечаток треба да остави вашето палто.

За новогодишната ноќ не се плашете да бидете малку ексцентрични со својот стил. Сепак, тоа е најлудата ноќ во годината.

Коментари (16)

14:12, 19 декември 2011г. #
edvaj ima nesto ubavo
14:42, 19 декември 2011г. #
ybavooo..
15:57, 19 декември 2011г. #
♥_♥ крзноо
17:34, 19 декември 2011г. #
ова се основни работи што една жена треба да ги има во шкафот
18:00, 19 декември 2011г. #
ne se losi, prvite tretite i poslednite pogotovo...
19:03, 19 декември 2011г. #
Najubavo vo pizami. :P
00:33, 20 декември 2011г. #
Јас ја бирам ЦРНО-БЕЛА ИНСПИРАЦИЈА ОД МАШКИОТ СТИЛ и би направила еден микс од двете, на пример: црните панталони и белата маица со набрани ракави, чевли или црните или златните сеедно.

Евентуално би ја избрала првата варијанта од Крзнената кобминација, со таа разлика што панталоните би сакала да се црни.
17:29, 20 декември 2011г. #
sve e ubavo ama pa koa ke trgnes po buticive,max da se razocaras zaso nema nisto asalno,samo casual ima.... katastrofaaaa nevidena...
10:33, 21 декември 2011г. #
site se ubavi :DDD i jas imam crven fustan skapo go kupiv nakaj 5 iljadi denari :D ama go nosam samo na sbadbi takvi raboti :DDD imam i bunta ama od vistinsko krzno si ja nosam :)
16:55, 21 декември 2011г. #
Skapocen Glaur
19:42, 21 декември 2011г. #
mm bas se slatki site i od se ova moze da izleze strasna novogodisna kombinacija!
10:19, 25 декември 2011г. #
колку се само најубави :D
имам исти црни штикли (женствени панделки) не се баш удобни али битно убави се во изглед xD
14:17, 25 декември 2011г. #
Site se ubaviii :D gi sakaam
20:47, 12 јануари 2012г. #
site se mnogu ubavi
00:15, 14 јануари 2012г. #
Љубителка на чипка... Неее :) ја обожавам црно- белата комбинација ;)
14:16, 06 март 2012г. #
preybavi se :P

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9947 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter