14 мали нешта кои не ги цените доволно додека не станете мајка
Почетна » Семејство » Бебе » 14 мали нешта кои не ги цените доволно додека не станете мајка

14 мали нешта кои не ги цените доволно додека не станете мајка

Кој може да им одолее на оние среќни парови кои вљубено се држат за рака додека нивното насмеано детенце трча околу нив? Но, колку што мајчинството е благородна работа која носи прекрасни моменти и причина за живот, толку е и исцрпувачка 24-часовна дејност која бара жртвување.

Кога еднаш ќе станете мајка, вашиот живот ќе се промени засекогаш. Повеќе нема да ја имате целата слобода на светот, да го имате луксузот да ги ставате своите потреби на прво место и да носите спонтани одлуки... барем не во првите години од животот на вашето малечко. Ќе ви недостигаат многу нешта кои претходно сте ги имале, но не сте ги ценеле.

Жена

Поминете низ листата на „мали луксузи“ кои ќе ги цените многу повеќе во месеците откако ќе го чуете првиот плач на вашата најголема радост. Доколку сте во блажена состојба, не прескокнувајте ниту една потточка.

  1. Мудрите зборови на вашата мајка. Советите од вашата мајка ќе звучат помоќно кога ќе имате свое дете. Тогаш не само што нема да дозволувате некој нејзин збор да испари од вашата глава, туку и сами ќе ги барате нејзините совети. Вашата почит кон личностите кои ве израснале вртоглаво ќе порасне. Ќе сфатите дека тие знаеле многу повеќе отколку што вие сте си мислеле.
  2. Летнувањето низ врата само со клучеви в рака. Кога ќе станете мајка, нема да можете да го пречекорите куќниот праг без огромна бебешка торба полна со сѐ и сешто и без детален план. Нема да можете така едноставно да ги грабнете клучевите и да заминете да се прошетате или повозите сами, без да имате во главата крајна дестинација.
  3. Можноста да го срушите Гинисовиот рекорд во најдолго туширање. Сами, без мали главчиња кои ѕиркаат низ вратата или врисоци кои ви кажуваат дека времето „за себе“ заврши. Пред да се породите, издвојте време за дооолго туширање. Внимателно мијте го секој прамен од косата, потоа ставете и маска за ревитализација, избричете си ги нозете... уживајте под тушот додека не ја истрошите целата топла вода.
  4. Одењето во тоалет со затворена/заклучена врата. По породувањето ќе поминат неколку години пред да можете да си го дозволите тој луксуз повторно додека сте дома сами со вашето малечко.
  5. Целодневен филмски маратон. Цел еден ден за вас, свиткани во ќебе, пред ТВ, со огромна чинија пуканки пред себе. Кога еднаш ќе станете родител, тоа очајно ќе ви недостига.
  6. Носењето накит без страв. Пред да се породите, носете обетки без да се плашите дека вашите уши ќе бидат скинати или ѓердани без страв дека ќе треба да поминете цел ден во собирање на бисери и мониста, бидејќи едно мало суштество може да ги пронајде и да ги голтне.
  7. Читање на стотици страници од интересна книга. Кога ќе станете мајка, ќе ви недостига читањето без прекини на една од оние книги кои не ви дозволуваат да ги спуштите без да прочитате уште едно поглавје, и уште едно, и уште едно... Маратонското читање од корица до корица ќе ви се чини како вистински луксуз.
  8. Дремките. Кога ќе бидете на родителска должност 24/7, дремките ќе ви изгледаат како скапоцен дар. Затворањето на очите, макар и само на 15 минути, ќе ви се чини како одмор на Малдиви.
  9. Безгрижните средби со пријателите веднаш по завршувањето на работното време. Набрзо откако ќе влезете во родителските води, дури и да си го дозволите луксузот да пиете кафе со најдобрата пријателка или да одите на ручек со колегите, најверојатно ќе чувствувате вина што не сте дома да му ја направите омилената вечера на своето малечко, да му прочитате сликовница и да го подготвите за спиење.
  10. Спонтаниот секс со саканиот. Новите родители не се во можност да се бакнуваат страсно кога ќе посакаат и да имаат долг, гласен секс без да изигруваат криминалци.
  11. Слушањето на тишината. Можеби сега не знаете да уживате во тишината, но кога вашето секојдневие ќе биде микс од бебешки плач, гласни играчки на батерии и здодевни бебешки мелодии, ќе ја цените повеќе од кога било дотогаш.
  12. Јадењето на топол оброк со прибор, од седечка положба. Во првите месеци по породувањето ретко ќе уживате во топли оброци или ќе ги претоплувате јадењата по неколкупати. Често ќе ви се случува да поткаснувате со раце, од стоење.
  13. Бескрајните телефонски разговори. Долгите (понекогаш бесмислени и бесцелни) телефонски разговори со вашите блиски ќе станат невозможна мисија кога имате мало бебе/дете покрај себе.
  14. Спонтано авантуристичко патување. Малите деца најчесто не дозволуваат спонтани одлуки. Не можете едноставно да ја наполните торбата, да го дофатите пасошот и да одите со саканиот на незаборавен викенд или лудо патување со пријателите.

Кога еднаш ќе станете мајка ќе ви недостигаат сите овие нешта, но даровите од мајчинството ќе бидат повеќе од доволна замена за нив. Нема да сакате да го замените времето кое го минувате со своето дете за ништо на светот.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 9496 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.