Џими Кимел едвај ги задржа солзите кога се врати на ТВ со синчето кое заздравува од втората операција на срцето
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џими Кимел едвај ги задржа солзите кога се врати на ТВ со синчето кое заздравува од втората операција на срцето

Џими Кимел едвај ги задржа солзите кога се врати на ТВ со синчето кое заздравува од втората операција на срцето

Џими Кимел ги разнежни своите фанови откако по кратко отсуство се врати на телевизиските екрани заедно со малиот син Били.

Славниот водител направи пауза за да може да биде со семејството, затоа што 7-месечното детенце беше оперирано по вторпат.

Џими Кимел

„Отсуствував минатата седмица, бидејќи ова момче имаше операција на срцето. Но, погледнете сите, тој е добро“ - рече Кимел со растреперен глас.

Откако солзите започнаа да навираат во неговите очи, Џими се пошегува: „Тато плаче на ТВ, но Били не... неверојатно.“

Видео

Џими Кимел

Били се роди на 21 април, но три часа по раѓањето, медицинската сестра која го прегледувала чула шум во неговото срце и забележала дека телото му е малку виолетово.

Докторите веднаш го прегледале новороденчето и утврдиле дека не прима доволно кислород. Нему му била дијагностицирана срцева болест (Тетралогија Фалот) и минало низ тричасовна успешна операција на отворено срце.

Џими Кимел

Слаткото детенце го очекува и трета операција кога ќе потпорасне.

Џими Кимел

Били е второ заедничко дете на Џими и Моли Мекнири. Кимел има уште две деца со поранешната сопруга Џина.

Џими Кимел

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4167 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?