Харизматична убавица: Анџелина Џоли позира со гепарди во едиторијал на Harper’s Bazaar
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Харизматична убавица: Анџелина Џоли позира со гепарди во едиторијал на Harper’s Bazaar

Харизматична убавица: Анџелина Џоли позира со гепарди во едиторијал на Harper’s Bazaar

Анџелина Џоли е на насловната страница за ноемвриското издание на Harper’s Bazaar. Списанието ја прослави 150-годишнината од своето прво издание со фотосесија со Џоли, која позираше во пустина Намиб со три гепардa, но и локални жители на Намибија.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Славната 42-годишна актерка напиша и есеј за Harper’s Bazaar во кој ги сподели своите размислувања за одговорноста што секој човек ја има кон другите луѓе и кон природното опкружување. Во својот текст, Анџелина порачува дека секој од нас треба да размислува како да придонесе за подобра иднина. Таа смета дека, иако има многу нешта кои не можеме да ги предвидиме за следните 150 години, јасно е барем тоа дека нашите правнуци ќе живеат со последиците од нашите одлуки.

„Мојата мајка, која потекнуваше од индијанските племиња Ирокези по нејзината таткова страна, ме научи дека секогаш треба да размислуваме за влијанието на нашите одлуки врз следните седум генерации. Тешко е да бидеме толку промислени со сиот притисок во нашите животи, но тоа ми изгледа како прекрасна аспирација“ – пишува Анџелина.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Уништувањето на природната средина и ловот на диви животни веќе го поттикна изумирањето на некои видови во Африка. Гепардите со кои позира славната ѕвезда се спасени пред две години, кога биле пронајдени како сирачиња. „За првпат се сретнав со нив во 2015 година, кога тие беа младенчиња и моето семејство ги спонзорираше. Тие беа сирачиња и за малку ќе умреа. Ги негувавме додека не беа повторно здрави, но тие не можеа да се вратат во дивина бидејќи веќе го имаа загубено стравот од луѓето и можеа да бидат убиени ако залутаа на некоја фарма“ - раскажува Џоли. Бројот на гепардите е веќе намален на 7.100 примероци на светско ниво и затоа Анџелина порачува дека секој примерок е скапоцен.

Анџелина Џоли

„Гепардите не се миленичиња, ниту, пак, кое било диво животно треба да биде. Тие нѐ инспирираат да помогнеме да се зачуваат овие уникатни, прекрасни диви суштества, како еден од чекорите на зачувување на природната средина за идните генерации“ – вели Анџелина и додава: „ако моето животно искуство нешто ме научи, тоа е дека она за што се залагаме и она против кое се залагаме е тоа што нѐ дефинира. Или, како што велат луѓето Сан од Намибија, никогаш не си изгубен ако можеш да си го видиш својот пат на хоризонтот“.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 20%
  • 72%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 16269 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.