ФОТО: Миранда Кер за „Cosmopolitan“
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Миранда Кер за „Cosmopolitan“

ФОТО: Миранда Кер за „Cosmopolitan“

Миранда Кер е ѕвездата од ноемвриското издание на Cosmopolitan. 30-годишната манекенка позираше пред објективот на Мет Џонс во креации кои го раскриваат нејзиното тонирано тело.

Миранда Кер

Кер, која неодамна ја прекина соработката со Victoria’s Secret за да се фокусира на сопствената козметичка компанија и на семејството, во интервјуто за списанието зборувала за амбициозноста, работењето како модел и Орландо Блум.

За работењето како модел: „Мојот живот сега е побалансиран отсекогаш. На почетокот имаше многу одбивања. Моделите се едни од најнесигурните луѓе кои ги познавам. Постојано некој им кажува дека не се доволно добри. Мораш да вежбаш да се сакаш себеси.“

Миранда Кер Миранда Кер

За амбициозноста: „Многу сум посилна отколку што мислат луѓето. Основав своја компанија, инвестирав свои пари во неа и сум вклучена во секој дел од неа. Јас сум таа личност која вели дека без оглед на проблемот, има решение. Ако некој ми рече дека нешто е невозможно и не може да се случи, јас велам: Возможно е. Ќе седам тука додека не ти покажам дека е. Не можам да прифатам НЕ за одговор и да се помирам со тоа.“

Миранда Кер

За колекцијата долна облека: „Купувам парчиња долна облека додека патувам. Тие ми се како сувенири.“

За сопругот Орландо Блум: „Кога го видов Орландо во „Ромео и Јулија“ на Бродвеј, бев одушевена. Имам голема почит кон него.“

Миранда Кер

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 21%
  • 72%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 11961 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.