„Треба да ослабиш неколку килограми“: Џенифер Лопез се отвори за критиките за изгледот
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Треба да ослабиш неколку килограми“: Џенифер Лопез се отвори за критиките за изгледот

„Треба да ослабиш неколку килограми“: Џенифер Лопез се отвори за критиките за изгледот

Џенифер Лопез се гордее со своите облини и не се срами да ги покажува пред светот.

Во интервју за InStyle, 48-годишната пејачка отворено зборуваше за самодовербата, прифаќањето и сакањето на облините, за критиките кои ги добива за изгледот и „советите“ дека треба да симне неколку килограми.

Џеј Ло изјавила дека со годините научила да го сака своето тело онакво какво што е и никогаш не се обидувала да ги крие облините. „Никогаш не ми пречеа. Но, добивав силни критики за тоа од луѓе во индустријата. Тие ќе ми речеа: 'Треба да ослабиш неколку килограми' или 'Треба да го правиш ова или она'. Конечно стигнав до момент да можам да речам: 'Ова сум јас. Јас сум градена така'. Сите со кои растев имаа облини и тие беа убави за мене. Не гледав ништо лошо во тоа. Сè уште не гледам“ – рекла Лопез.

Џенифер Лопез

На прашањето дали чувствува дека во својата кариера влијаела на стандардите за убавина и дали смета дека го отвори патот за жените со облини да бидат поприфатени, таа одговорила: „Многу луѓе, славни личности, луѓе кои ги среќавам на улица, фанови, имаат дојдено и ми го имаат речено истото тоа нешто: 'Ти благодарам многу. И јас имам таков тип на тело. Порано мислев дека сум дебела, но сега се чувствувам убава'.“

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

„Мојата генерација беше фокусирана на преслабите модели. Тоа беше недостижно за повеќето луѓе, вклучително и за мене. Мајка ми и баба ми беа оние кои ме охрабруваа: 'Ние сме така градени и тоа е она што е убаво'. Татко ми го сакаше телото на мајка ми – сите мажи во нашето семејство ги сакаа телата на жените. Да имаш облини или да не си висока 180 сантиметри никогаш не беше гледано како нешто лошо. Го донесов тоа пред светот, не се обидував да испратам порака, само бев тоа што сум“ – додала Лопез.

Џенифер Лопез

Џенифер зборуваше и за лекциите кои сака да ѝ ги пренесе на ќерка си Ема. „Единственото нешто кое сакам да ја научам е да се сака и почитува себеси и да биде сигурна дека ќе добие почит од другите. Социјалните мрежи се забавни и социјални, но на крајот од денот живееме во реално време, каде имаш група пријатели и семејство. Се обидувам да ја насочам да се фокусира на нештата кои се важни: да биде добра личност, пријателка и ќерка, да биде среќна со себеси и да ги прави нештата кои ги сака“ – рекла славната пејачка.

Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор летово?
  • 24%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 4%
  • 4%
  • 12%
  • 11%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 4470 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

- Мамо, што е љубовница?

- Тоа, мамино, е лоша тетка која ни краде од семејниот буџет.

- А љубовник?

- Е тоа е добар чичко, кој му помага на татко ти.