„Тој ја стави раката под мојот фустан“: Тејлор Свифт сведочеше против диџејот кој ја фатил за задникот
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Тој ја стави раката под мојот фустан“: Тејлор Свифт сведочеше против диџејот кој ја фатил за задникот

„Тој ја стави раката под мојот фустан“: Тејлор Свифт сведочеше против диџејот кој ја фатил за задникот

Тејлор Свифт деновиве води судска битка против диџејот кој ја фатил за задникот додека биле фотографирани пред концерт.

TMZ ја објави фотографијата од моментот на сексуалната злоупотреба.

Тејлор Свифт

Во 2013 година, пред еден од своите концерти, Тејлор Свифт се фотографирала со свои фанови. Додека позирала заедно со Дејвид Милер и неговата девојка, тој подмолно ја протнал раката под нејзиниот фустан и ја фатил за задникот. Во момент на шок, Тејлор не изреагирала жестоко, но го известила обезбедувањето за инцидентот и од Дејвид и неговата придружничка било побарано да го напуштат концертот.

Откако славната пејачка го известила шефот во радио станицата каде што работел Милер за неговата постапка, тој бил отпуштен.

Можеби инцидентот немаше да стигне до ушите на јавноста ако Милер не поднесеше тужба против Свифт во 2015 година. Тој тврди дека не ја фатил за задникот, туку дека ја држел за реброто и дека поради нејзината измислена приказна ја изгубил работата, па бара оштета од 3 милиони долари.

Тејлор веднаш поднесе противтужба со барање за обештетување од само 1 долар. Нејзината цел е да им покаже на другите жени да не се плашат јавно да проговорат за ваквите недозволиви и понижувачки постапки.

Свифт со острина настапи пред судот, за што доби многу пофалби. „Тој не го допре моето ребро, не ја допре мојата рака, тој ми го зграпчи голиот задник. Тој ја стави раката под мојот фустан и ме фати за задникот. Тоа не беше случајно, беше намерно“ - рекла таа.

Тејлор Свифт

Кога се отворило прашањето дека Милер ја изгубил работата поради инцидентот, Тејлор возвратила: „Нема да му дозволам на вашиот клиент да направи да се чувствувам како ова да е по моја вина, бидејќи не е. Обвинета сум за несреќните настани во неговиот живот кои се производ на неговите одлуки, а не на моите.“

На прашањето зошто на фотографијата не се гледа дека нејзиниот фустан е подигнат, таа одговорила: „Бидејќи мојот задник е лоциран на задната страна од моето тело.“

Во судницата сведочела и мајката на Тејлор за моментот кога дознала за инцидентот. „Ми доаѓаше да повратам и да се расплачам во исто време“ - рекла Андреа Свифт.

Тејлор Свифт

Наскоро ќе биде донесена пресуда и голема е веројатноста дека ќе биде во полза на Свифт.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 20%
  • 72%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 16290 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.