Србија и Словенија ни дадоа по 12 поени... Еве кој сè гласаше за Тамара на Евровизија и за кои земји гласавме ние
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Србија и Словенија ни дадоа по 12 поени... Еве кој сè гласаше за Тамара на Евровизија и за кои земји гласавме ние

Србија и Словенија ни дадоа по 12 поени... Еве кој сè гласаше за Тамара на Евровизија и за кои земји гласавме ние

Македонската публика со голема возбуда синоќа го следеше евровизиското финале. Тамара Тодевска со „Proud“ долго време беше на врвот на табелата со поени, но голем пресврт настана откако беа вкалкулирани поените од гласовите на публиката и како победник се истакна Холандија.

Нашата претставничка доби вкупно 237 поени од жиријата во секоја земја учесничка и само 58 поени од телевоутингот додека Холандија имаше 231 поен од жиријата и дури 261 од публиката.

Евровизија Тамара Евровизија Тамара

Погледнете кои земји гласаа за нас:

Гласовите на стручните жирија за Тамара

Евровизија Тамара

Стручните жирија од Швајцарија, Австрија, Молдавија, Албанија, Велика Британија и Србија ни доделија по 12 поени, по 10 добивме од Италија, Данска, Норвешка, Хрватска, Унгарија и Ерменија, по 8 од Азербејџан, Латвија, Полска и Исланд, по 7 од Германија, Романија, Австралија, Чешка, Финска, Франција и Црна Гора.

Португалија и Ирска ни доделија по 5, Русија 4, Малта и Холандија по 3, Словенија 2 поени, а Сан Марино и Грција ни дадоа по 1 поен.

Вкупно: 237

Гласовите од публиката за Тамара

Гледачите од регионот покажаа најголема поддршка за Тамара. Имено, Србите и Словенците ни доделија по 12 поени, Хрватите 7, а Албанците и Црногорците по 6.

Евровизија Тамара

Вкупно: 58

Како гласавме ние?

Македонските гледачи најпозитивно го оценија настапот на Албанија, а српската претставничка од нас доби 10 поени.

Евровизија Тамара

Македонското жири ги почести Италијаните со 12, а Австралија со 10 поени.

Евровизија Тамара

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 70%
  • 13%
  • 17%
Се испраќа...

(Вкупно: 8594 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.