„Се гордеам што сум твој син“: Мајкл Даглас едвај ги задржа солзите додека зборуваше за 101-годишниот татко Кирк Даглас
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Се гордеам што сум твој син“: Мајкл Даглас едвај ги задржа солзите додека зборуваше за 101-годишниот татко Кирк Даглас

„Се гордеам што сум твој син“: Мајкл Даглас едвај ги задржа солзите додека зборуваше за 101-годишниот татко Кирк Даглас

Мајкл Даглас беше почестен со своја ѕвезда на холивудската Патека на славните и ја доби поддршката од семејството и блиските колеги.

На настанот, 74-годишниот актер одржа говор во кој им се заблагодари на својот татко Кирк Даглас и сопругата Кетрин Зета-Џонс.

„Мојот татко е тука. За еден месец, Кирк ќе наполни 102 години. Тато, ти благодарам за твоите совети, за инспирацијата. И ќе го кажам ова едноставно и од срце: Се гордеам што сум твој син“ – рече Мајкл, кој едвај ги задржа солзите додека му се обраќаше на холивудската легенда.

Мајкл Даглас Мајкл Даглас

ВИДЕО

И Кирк и Мајкл можат да се пофалат со импозантна филмска кариера за која имаат добиено бројни награди и признанија.

Мајкл Даглас Мајкл Даглас Мајкл Даглас Мајкл Даглас

Холивудскиот актер ѝ се обрати и на саканата Кетрин со која е во брак речиси 18 години и со која има две деца.

„Љубовта на мојот живот е тука. Душо, ти благодарам за поддршката и за љубовта и за трпението. За неколку недели ќе ја прославиме нашата 18-та годишнина, па ти благодарам за осумнаесетте најдобри години од мојот живот мила“ – ѝ рече тој на Кетрин.

Мајкл Даглас Мајкл Даглас

Присутен беше и Камерон, синот на Мајкл од претходниот брак.

Мајкл Даглас Мајкл Даглас

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 26%
  • 53%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 6947 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.