Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион роди машки близначиња

Селин Дион роди машки близначиња

Мегапопуларната пејачка Селион Дион стана мајка на здрави машки близначиња. Со помош на царски рез таа вчера го родила првиот син во 11:11 часот, а вториот само една минута подоцна.

Селин Дион и нејзиниот сопруг РенеСелин Дион и нејзиниот сопруг Рене

„Селин, Рене и нивниот син Рене-Чарлз се пресреќни“ – изјавил претставник на семејството за списанието People.

Бебињата се тешки 2,38 и 2,55 килограми и се потполно здрави, но во наредните неколку дена ќе останат во инкубатор затоа што се родени предвреме.

Селин изминатата недела покажала знаци на предвремено раѓање и по препорака на докторите била хоспитализирана. Датумот за породувањето ѝ бил закажан во ноември.

Инаку, машките близначиња се резултат на шестиот обид за ин-витро оплодување на Селин.

Селин Дион и нејзиниот сопруг Рене се родители и на 9-годишниот Рене-Чарлз, кој пресреќен ги посетил своите братчиња во болницата.

Коментари (1)

02:55, 24 октомври 2010г. #
Многу ја сакам музиката на Селин, и нејзината љубовна приказна ми дава надеж. Да и се живи и здрави близначињата. Душички мали :)

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9921 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter