Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селена Гомез сподели дека заради лупус ѝ била извршена трансплантација на бубрег дониран од нејзина пријателка

Селена Гомез сподели дека заради лупус ѝ била извршена трансплантација на бубрег дониран од нејзина пријателка

Изминатиот период Селена Гомез ги избегнуваше медиумските рефлектори и социјалните мрежи и направи кратка пауза во својата кариера, а сега стана јасно зошто.

Славната пејачка сподели дека во текот на летото ѝ била извршена трансплантација на бубрег заради лупус и дека закрепнувала од сериозната операција.

25-годишната ѕвезда објави фотографии од големата лузна и фотографија на која со Франсија, пријателката која ѝ го донира бубрегот, лежат во болнички кревети и се држат за раце.

Селена Гомез

„Свесна сум дека некои мои фанови забележаа дека јас се држев подалеку од јавноста одреден дел од летото и се прашуваа зошто не ја промовирам мојата нова музика, со која екстремно се гордеам. Па, дознав дека ми требаше трансплантација на бубрег поради Лупусот и се опоравував. Морав да го направам тоа за целокупното мое здравје. Искрено со нетрпение чекам да го споделам со вас моето патување низ изминатите неколку месеци, како што отсекогаш сакав да направам.“

„Дотогаш, сакам јавно да им се заблагодарам на моето семејство и неверојатниот тим на доктори за сè што направија за мене пред и по операцијата.“

„И крајно, не постојат зборови со кои јас можам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна пријателка Франсија Рејса. Таа ми го даде ултимативниот подарок и се жртвуваше донирајќи ми бубрег. Многу сум благословена. Те сакам многу сестричке“ – напиша Гомез во описот на фотографиите.

Селена Гомез Селена Гомез

Лупус е хронично автоимуно заболување, кое се појавува кога имунолошкиот систем ги напаѓа здравите ткива и органи во телото. Воспалението предизвикано од лупус може да доведе до проблеми со зглобовите, кожата, бубрезите, срцето, белите дробови и нервниот систем.

Многу е тешко да се дијагностицира лупус, затоа што во сите случаи се развива различно и најчесто знаците и симптомите укажуваат на други здравствени состојби. Најпрепознатлив знак на лупус е црвенило во форма на пеперутка на образите на лицето. И покрај тоа што не постои лек за лупус, со соодветни третмани може да се контролира.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.