Само пред неколку дена беше промовиран новиот сингл на Кајли Миног „All The Lovers“, а веќе можете да уживате и во спотот.
Во новиот видео клип, Кајли е опкружена од полуголи мажи и жени на улиците во центарот на Лос Анџелес. Се појавуваат бел слон и бел коњ, а на крајот Кајли пушта бел гулаб (не, не знаеме која е симболиката). А да, ќе заборавевме да ја споменеме и „планината“ – навистина спотот го отсликува насловот на песната. Но, погледнете сами.
„All The Lovers“ е првата песна од новиот албум на Кајли „Aphrodite“, кој ќе биде пуштен во продажба на 5-ти јули.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (4)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.