Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Mini-Me: Актерот Тројер Верн, кој се бореше со депресија, пронајден мртов

Почина Mini-Me: Актерот Тројер Верн, кој се бореше со депресија, пронајден мртов

Тројер Верн, познат по филмовите „Austin Powers“, беше пронајден мртов.

Тројер Верн

„Верн беше екстремно грижлива личност. Сакаше сите да ги расположува, да бидат среќни и да се смеат... Тој инспирираше луѓе од целиот свет со неговата мотивираност, решителност и однесување.... Верн, исто така, беше борец кога стануваше збор за неговите битки. Низ годините се бореше и победуваше, се бореше и победуваше, се мачеше и повторно победуваше, но за жал, овој пат му дојде премногу... Депресијата и самоубиството се сериозни проблеми. Никогаш не можеш да знаеш низ каква битка поминува некој. Бидете добри еден кон друг. И знајте дека никогаш не е предоцна да побарате помош од некого“ – пишува во пораката од неговото семејство.

A post shared by Verne Troyer (@vernetroyer) on

49-годишниот актер се бореше со алкохолизам и депресија. На почетокот на месецов беше примен во болница поради труење со алкохол и беше прегледан од психијатар зашто според неговите блиски, имал самоубиствени намери.

Мајк Мајерс, кој глумеше со Верн во „Austin Powers“, му оддаде чест со пораката: „Ова е тажен ден, но се надевам дека тој е на подобро место. Многу ќе ни недостига.“

Тројер Верн Тројер Верн Тројер Верн Тројер Верн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.