Пинк со растреперен глас сподели дека повеќе нема да објавува фотографии од децата, бидејќи луѓето се злобни
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пинк со растреперен глас сподели дека повеќе нема да објавува фотографии од децата, бидејќи луѓето се злобни

Пинк со растреперен глас сподели дека повеќе нема да објавува фотографии од децата, бидејќи луѓето се злобни

Откако наиде на негативни коментари зашто објави фотографија од 2-годишниот син, на која тој не носи пелена, Пинк одлучи повеќе да не објавува ништо за своите деца на интернет.

Во емисијата на Елен Деџенерис, 39-годишната пејачка рече дека воопшто не ѝ се допаѓа злобата на социјалните мрежи и тоа што луѓето пишуваат секакви коментари кога се анонимни, па понекогаш таа им возвраќа за им го промени мислењето.

„Понекогаш, чувствувам дека можам да им го сменам мислењето. Не ми се допаѓа неправдата и не ми се допаѓа колку се смели луѓето кога се анонимни и колку се груби и злобни“ – рече таа.

Пинк призна дека плачела откако ги прочитала коментарите на „одвратните тролови“ дека е лоша мајка и дека му направила обрежување на пенисот на синот, бидејќи децата се делот од нејзиниот живот со кој најмногу се гордее.

Видео

„Имам 2-годишно дете, а 2-годишните деца не сакаат да носат мокри пелени за пливање и во одреден момент, тој ја соблече и јас не размислувам на тој начин. Живееме на фарма, моите деца се голи, тоа се случува. Дури и јас сум гола понекогаш. Луѓето отидоа толку далеку што коментираа дека некој треба да пријави во служба за социјални грижи. И едноставно некои од најодвратните нешта. И плачев, плачев премногу потоа, бидејќи сакам да споделувам за моето семејство, тоа е моментот од мојот живот со кој најмногу се гордеам. Погорда сум со моите деца од што било друго што сум направила. Но, нема да споделувам за нив повеќе, нема да објавувам фотографии од нив повеќе“ – рече таа пред публиката во студиото со растреперен глас.

Популарната музичарка смета дека добро е луѓето да бидат искрени, но дека тоа треба да го прават на љубезен начин.

„И разбирам кога луѓето ми велат да бидам повнимателна, бидејќи сум јавна личност и требаше да размислам за тоа, и имаат право. Но, постои љубезен начин да се каже тоа. Има љубезен начин да се биде онлајн. Јас сум отворена за љубезност“ – рече Пинк.

Сепак, таа е категорична дека е време да ги повлече децата од очите на јавноста, особено ќерката Вилоу, и да им даде можност да го живеат својот живот.

„Но, ова е исто така одлично време, бидејќи таа има 7 години и веројатно е време да ја повлечам од светот и да ѝ дозволам да го живее најдобро животот“

Нешто сериозно не е во ред со многумина од вас. Кревате врева за пенисот на моето бебе? За обрежување??? Дали навистина го мислите тоа? Како и секоја нормална мајка на плажа, дури не ни забележав дека тој ја извадил пелената за пливање.

Ја избришав фотографијата, бидејќи сите вие сте проклето одвратни. А сега ќе ги исклучам моите коментари, нишајќи ја главата поради состојбата на социјалните мрежи, борците на тастатури и негативноста која ја носите во туѓите животи. Нешто сериозно не е во ред со многумина од вас.

Еве ви фотографија од пеликан, кој очигледно го уловивме и го измачувавме со часови пред да му го ставиме пенисот на бебето пред неговото лице.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 13%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 5582 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?