Официјално: Македонија рангирана на ПРЕТПОСЛЕДНО место на Евровизија, зад нас е само Исланд
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Официјално: Македонија рангирана на ПРЕТПОСЛЕДНО место на Евровизија, зад нас е само Исланд

Официјално: Македонија рангирана на ПРЕТПОСЛЕДНО место на Евровизија, зад нас е само Исланд

Македонија остана на дното на листата на Евровизија. Денес беа објавени официјалните резултати од гласањето во двете полуфиналиња и стана јасно дека сме на претпоследно место заедно со Грузија. Полош резултат постигна само Исланд (15 поени).

Евровизија

Eye Cue освоија 24 поени во првото полуфинале, исто колку што добија и грузиските претставници во втората полуфинална вечер.

Евровизија

Според официјалните податоци, жирито на Албанија ни додели 8 поени, а жирито на Азербејџан 6 поени, од Бугарија сме добиле 5 поени благодарение на гласовите од публиката, жирито на Грција ни даде 3 поени, жирито на Израел 1 поен, а гласовите на Хрватите ни донесоа 1 поен.

Евровизија

Eye Cue настапија на евровизиската сцена во Лисабон со „Lost and Found“. Нета од Израел победи во големото финале.

Евровизија

Анкета

Анкета
Дали таткото треба да присуствува во породилната сала за раѓањето на бебето?
  • 25%
  • 54%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 3171 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.