„Ми го скрши срцето на милион парчиња“: Таткото на Меган Маркл објави писмо кое таа му го напиша по свадбата
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ми го скрши срцето на милион парчиња“: Таткото на Меган Маркл објави писмо кое таа му го напиша по свадбата

„Ми го скрши срцето на милион парчиња“: Таткото на Меган Маркл објави писмо кое таа му го напиша по свадбата

Томас Маркл објави писмо кое неговата ќерка Меган му го напишала по кралската свадба за да го замоли да стави крај на лажирањето на стории и да престане да комуницира со неа преку медиумите.

Томас Маркл и Меган Маркл Томас Маркл и Меган Маркл

Писмото било напишано откако стана јасно дека Томас во договор со папараци создавал местени фотографии кои се распространуваа низ целиот свет, а од кои заработил 100.000 долари. Поради тој скандал, како и поради здравствени проблеми со срцето, Томас не присуствуваше на свадбата.

Томас Маркл и Меган Маркл

Тато,

Со тешко срце ти го пишувам ова, бидејќи не можам разберам зошто мораше да го избереш овој пат, одбивајќи да ја видиш болката што ја причинуваш.

Твоите постапки ми го скршија срцето на милион парчиња – не само затоа што создаде таква непотребна и неоправдана болка, туку и што избра да не ја кажеш вистината како да си марионетка.

Им рече на медиумите дека ми се јави за да ми кажеш дека нема да дојдеш на свадбата – тоа не се случи, бидејќи ти никогаш не ми се јави.

Рече дека никогаш не сум ти помогнала финансиски и дека никогаш не си ми побарал помош, што исто така не е точно. Минатиот октомври, ми испрати мејл во кој пишуваше: „Жал ми е ако сум премногу зависен финансиски од тебе, но те молам ако можеш, помогни ми повеќе, но не како возврат за мојата лојалност“.

Јас секогаш само сум те сакала, штитела, бранела и сум ти помагала финансиски колку што сум можела, грижејќи се за твоето здравје.... и секогаш сум прашувала како можам да ти помогнам. Ужасно беше преку таблоидите да дознам дека си имал срцев удар една недела пред свадбата. Ти се јавував, ти пишав порака... Те молев да прифатиш помош – дури и испративме некој во твојот дом... и наместо да зборуваш со мене и да ја прифатиш оваа или некаква помош, ти престана да одговараш на повиците и избра да зборуваш само со таблоидите...

Ако ме сакаш, онака како што кажуваш во медиумите, те молам престани. Те молам дозволи ни да си ги живееме животите на мира. Те молам престани да лажеш, те молам престани да создаваш толку многу болка, те молам престани да ја експлоатираш мојата врска со мојот сопруг... Сфаќам дека си предлабоко во зајачка дупка и чувствуваш дека нема излез, но ако на момент застанеш и размислиш, ќе сфатиш дека можноста да живееш со чиста совест е многу поскапоцена од која било сума на светот.

Те молев да престанеш да ги читаш таблоидите. Секојдневно ти се фокусираше и кликаше на лагите кои тие ги пишуваа за мене, особено на оние измислени од твојата друга ќерка, која едвај ја познавам... гледаше како тивко страдам во рацете на нејзините злонамерни лаги.

Сите се обединивме околу тебе за да те поддржиме и заштитиме од првиот ден и ти го знаеш ова. Најболното нешто од сè беше да слушнам дека го напаѓаш Хари, кој со тебе беше само трпелив, добар и полн со разбирање.

Поради некаква причина, ти продолжи да лажираш приказни, да измислуваш фиктивни наративи и да навлегуваш подлабоко во мрежата што ја сплети. Единственото нешто што ми помага да заспијам навечер е вербата и увереноста дека една лага не може да живее засекогаш...

Ти верував, ти се доверив, ти кажав дека те сакам. Следното утро се појавија снимките од безбедносните камери. Не си стапил во контакт со мене од неделата на нашата свадба и иако тврдиш дека не постои начин да стигнеш до мене, мојот телефонски број сè уште е непроменет. Го знаеш тоа. Нема пораки, нема пропуштени повици, никаков знак од тебе – само уште повеќе светски интервјуа при кои те плаќаат да правиш и кажуваш штетни и навредливи нешта кои не се вистинити.

Покрај делови од писмото на Меган, британскиот медиум The Mail објави и скратена верзија од одговорот на Томас на тоа писмо. Во него, тој бара од Војвотката да се смират и да позираат заедно за фотографии за медиумите.

Томас Маркл и Меган Маркл

Нашиот последен разговор беше три дена пред свадбата, бидејќи јас бев во болнички кревет и штотуку ми беше направена операција... Кога ја испрати целата таа помош во мојот дом, јас бев во болница со мојот втор срцев удар!

Кога сум го нападнал Хари? Единственото нешто што го реков е дека ако не се согласуваме, да го надмине тоа. Имавме несогласувања и тој те заштитуваше од мене, но јас не мислев дека го напаѓам??

Можеш да ме мразиш ако сакаш. Не можам да те присилам на ништо. Направив голема грешка... Човек сум и жал ми е! Уште колку долго време треба да го велам тоа?? Посакувам да можевме да се смириме и да направиме фотографија за целиот свет да види. Ако не ви се допаѓа тоа тебе и на Хари, одглумете за една фотографија и можеби дел од медиумите ќе замолкнат.

Синоќа, Томас за Daily Mail изјавил: „Кога го отворав писмото, се надевав дека тоа е примирјето по кое копнеев. Очекував нешто што ќе води до нашето примирје. Наместо тоа, бев длабоко повреден. Немаше грижлива порака, ништо што прашуваше за моето здравје, ништо од неа што велеше да се смириме и да ги надминеме нашите разлики. Бев толку вознемирен, што не можев да му го покажам на никого и никогаш немаше ако не се случеа минатонеделните настани.“

Имено, минатата недела, списанието People објави сторија во која пет блиски личности на Меган Маркл анонимно зборуваа за случувањата пред и по кралската свадба. Тие открија дека таткото на Меган, Томас, никогаш не се обидел да стапи во контакт со неа, иако тој во медиумите постојано тврди дека нема начин на кој би можел да комуницира со неа.

„Тој знае како да ја пронајде. Нејзиниот телефонски број не е променет. Тој никогаш не се јавил, никогаш не ѝ пишал порака. Тоа е болно, бидејќи Мег отсекогаш била многу верна. Мислам дека таа секогаш ќе биде тажна поради она што ѝ го направи тој. Но, истовремено, таа му е ќерка и има симпатии кон него“ – рекол еден од изворите за списанието.

Томас Маркл и Меган Маркл

„По свадбата, таа му напиша писмо. Му кажа нешто како: 'Тато, срцето ми е скршено. Те сакам. Имам само еден татко. Те молам престани да ме правиш жртва преку медиумите за да можеме да ги поправиме нашите односи...' За возврат, тој ѝ напиша долго писмо, кое го заврши барајќи да се фотографираат заедно. Нејзината реакција беше: 'Тоа е спротивно од она што го велам. Ти велам дека не сакам да комуницираш преку медиумите, а ти ми бараш да комуницираме преку медиумите. Дали воопшто слушна нешто од она што го кажав? Како да зборувам напразно“' – продолжил изворот.

Откако People ја објави сторијата, Томас одлучи да „возврати на ударот“ и го објавил писмото од пет страници. Неговата цел била да покаже дека писмото не било насочено кон примирје и зближување, напротив, дека уште повеќе го повредило.

Томас Маркл и Меган Маркл

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 68%
  • 14%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 5353 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.